Спорт
Балкански рели маратон 2012 и низ Македонија
Балканскиот рели маратон 2012 ќе се одржи од 7-ми до 14-ти септември ќе се вози низ Албанија, Македонија, Бугарија и Грција.
Четвртото издание на „Балканскиот Дакар“ е во организација на Мото клубот „Александар“ со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) во соработка со меѓународни партнери од Бугарија, Албанија и Грција.
Патеката е со должина од околу 2.500 километри од кои околу 2.000 километри се специјални испити по макадамски патишта.
Натпреварувачите со мотоцикли, четвороциклите (АТВ) и теренски возила ќе поминат низ Македонија на 8 и 9 септември.
Околу 60 пријавени учесници од десеттина земји ќе стартуваат на досега најтешкото маратонско рели во Европа.
Дел од нив веќе имаат искуство на светски најпознатото рели „Дакар“, а дел ќе дебитираат во 2013 година, а ќе го искористат „Балканскиот рели маратон 2012“ за последни подготовки.
Боите на Македонија ќе ги бранат шест натпреварувачи. Кај мотоциклите ќе учествуваат членовите на МК Александар: Сашко Иванов, Александар Коцев, Славчо Коцев, Александар Петровски и Методија Саздов (сите со мотоцикли Јамаха), додека кај четвороциклите ќе учествува Тони Димитровски (Хамачи рејсинг) кој во 2009 година го освои третото место во оваа категорија.
Рамноправно со колегите ќе настапат и пет дами: Политими Кирјакопулу (Грција) се мотоцикл, потоа бугарските натпреварувачки Зорница Тодорова, Денка Јорданова и Рени Христова кај четвороциклите, како и нивната сонародничка Лидија Коцева кај теренските возила.
Специјален делегат ќе испрати и светската мотоциклистичка федерација ФИМ.
Од оценката на претседателот на Комисијата за крос-кантри рели, Ларби Рида-Сбаи ќе зависи дали „Балканскиот рели маратон 2013“ ќе биде дел од светскиот шампионат за следната сезона.
Вкупно 530 километри и пет специјални делници се во програмата на годинешното рели.
Хроно екипата која функционира во рамките на клубот ќе биде вклучена во мерењето на брзинските испити во текот на целото рели.
Стартот е предвиден за 7 септември со промотивен брзински испит (пролог) во Тирана (Албанија). Следниот ден е најдолгата етапа на релито, со старт во Тирана и цел во Штип, вкупна должина од 520 километри и 5 брзински испити.
Четири од нив ќе бидат на територијата на нашата земја: Ќафасан-Октиси; Лазарополе-Леуново; Катланово-Градско и Криволак-Штип. Истиот ден, на „Денот на независноста на Република Македонија – 8 септември“ е предвиден сервисен парк на спортското игралиште во населба Влае во Скопје. Првите учесници се очекува да пристигнат во него околу 14 часот.
На 9 септември стартот е во Штип и после еден брзински испит до Делчево, релито се сели во Бугарија со цел во Велинград. Од 10 до 14 септември трасата минува низ Грција, со слободен ден на 11 септември и крај на 14 септември во Игуменица./крај/мото/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Атлетико против Еспањол ја прекина лошата низа во првенството
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Еспањол со 4:2 во натпреварот од 25-то коло на Ла Лига. „Јорганџиите“, вечерва ја прекинаа лошата низа од три натпревари без триумф и без постигнат гол во Примера. Исто така, Атлетико прв пат по 2022 година успеа да го победи Еспањол.
Гостите од Каталонија поведоа во пестата минута преку Жофре, но беа надиграни и поразени од фаворизираниот тим на Диего Симеоне. Атлетико по голот на Еспањол ја презеде иницијативата, силно притисна и изедначи преку Серлот во 21-та минута.
Пресвртот, Атлетико го комплетираше во 49-та минута со голот на Џулијано Симеоне. Девет минути подцна, Адемола Лукман, на асистенција на поранешниот соиграч од Аталанта, Руџери го постигна третиот гол.
Александар Серлот, им ја одзеде надежта на гостите дека можат да избегнат пораз со втроиот гол во 72-рата минута.
Норвежанецот можеше да постигне хет-трик, но во акција која „мирисаше“ на уште еден негов гол, ја погоди стативата.
До крајот на мечот, Еспањол, преку Еду Еспозито постигна уште еден гол.
Атлетико се трети на табелата, заедно со Виљареал има 48 поени, Еспањол остана на шестото место со 35 поени, но екипата од Барселона на последните пет натпрвари освои само еден бод.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) О’Рајли го врати Манчестер Сити во шампионската трка
Манчестер Сити го искористи киксот на Арсенал против Вулверхемптон и со победата над Њукасл (2:1) се доближи на два бода од лидерот.
Нико О’Рајли беше херој на победата за тимот на Пеп Гвардиола. Тој постигна два гола, во 16-та у 27-та минута и беше блиску до хет-трик во првото полувреме. Луис Хол во 22-та минута беше стрелец за Њукасл.
Сити освои три бода иако најдобриот стрелец Ерлинг Холанд не успеа да постигне гол.
По канонадата во Баку, Њукасл покажа заби на „Етихад“, но тоа не беше доволно ниту за бод. Во последните моменти од првото полувреме, голот на Брн беше поништен за 2:2 поради офсајд.
Foto/ EPA
Спорт
ПАО во „вечното дерби“ го освои Купот на Грција
Кошаркарите на Панатинаикос се освојувачи на Купот на Грција втора година по ред, откако го победија Олимпијакос со 79:68 во финалето на турнирот што се одржа во Хераклион.
Панатинаикос имаше двоцифрена предност во раната фаза од натпреварот поради проблемите што Олимпијакос ги имаше во нападот. Не можеа црвено-белите никако да најдат решение за подвижната одбрана на ПАО.
Единствениот расположен кошаркар на тимот од Пиреја беше крилниот центар Саша Везенков. Најкорисниот играч на Евролигата за сезоната 2022-23 постигна 12 од 17-те поени на својот тим во првата четвртина.
Во вториот дел ПАО одигра неверојатна одбрана, му дозволија на противникот само 12 поени, а постигнаа 28.
Олимпијакос се обиде во вториот дел но не успеа да се доближи. Дополнителен проблем за Олимпијакос е повредата на Везенков, во третиот период.
Тој го заврши натпреварот со 16 поени, а причина за повредата на грбот беше офанзивен фаул направен врз него од страна на бекот на ПАО, Кендрик Нан, во борба под кошот.
Новото засилување на ПАО, актуелниот МВП Најџел Хејс-Дејвис даде клучен придонес во победата на „Зелените“.
Најновото засилување на Панатинаикос го заврши натпреварот со 15 поени и 6 скока.

