Спорт
Тери потпиша нов договор со Челзи

Капитенот на Челзи Џон Тери потпиша денеска нов, петгодишен договор со екипата од Лондом.
Капитенот на Челзи Џон Тери потпиша денеска нов, петгодишен договор со екипата од Лондом.Тери (28) ќе остане во Челзи до 2014 година, а финансиските детали од договорт не се соопштени.Англискиот репрезентативен стопер од 1997 година го носи дресот на Челзи, за кој досега одигра 274 првенствени натпревари и постигна 17 голови./крај/б/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Донарума ќе го засили Манчестер сити

Манчестер сити успеа да го комплетира трансферот на Џанлуиџи Донарума од Пари Сен Жермен за сума од 35.000.000 евра.
Италијанскиот репрезентативец официјално ќе стане нов голман на Сити во текот на денот, кога ќе го стави потписот на четиригодишниот договор.
Донарума беше избришан од плановите на Луис Енрике ова лето, откако одби да потпише нов договор со европскиот првак. Актуелниот му истекуваше на крајот од сезоната.
Голот на ПСЖ одо оваа сезона го брани Лукас Шевалие од Лил.
Италијанецот е второто голманско засилување на Сити во преодниот рок, откако претходно на „Етихад“ се врати англискиот репрезентативец Џејмс Трафорд од Барнли.
Поранешниот голман на Милан, кој го освои Европското првенство со Италија во 2021 година и ја однесе наградата за играч на турнирот, досега има одиграно 161 натпревар за ПСЖ, со 56 натпревари без примен гол.
Foto/ EPA/FRANCK FIFE
Спорт
Коло Муани извиси, Јувентус ќе потпише со Луис Опенда

Белгискиот фудбалер Луис Опенда, во следните часови треба да стане нов играч на Јувентус.
Според Фабрицио Романо, Лајпциг му дозволил на својот напаѓач да отпатува во Италија на медицински прегледи откако постигнале договор со тимот од Торино.
„Старата дама“ треба да плати отштета во износ од нешто повеќе од 40 милиони евра. Во новиот клуб, тој репрезентативецот на Белгија ќе заработува четири милиони евра годишно.
Трансферот на Опенда му ја затвори вратата на Рандал Коло Муани, кој во вториот дел од минатата сезона играше на позајмица во Јувентус. Иако играчот на Пари Сен Жермен беше нивниот прв избор, неколку пречки стоеја на патот. Французите не беа спремни да прифатат пофлексибилен аранжман што би му одговарал на Јувентус, проблемот беше финансискиот фер-плеј, како и желбата Душан Влаховиќ да остане.
Влаховиќ треба да остане во Јувентус и да влезе во последната година од неговиот договор, а се шпекулира дека му е понуден нов. Многу помала, според која би заработувал седум милиони евра годишно. Би била фиксна за три години, а во договорот би имал откупна клаузула од 25 милиони евра.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Шерки се повреди, ќе отсуствува најмалку два месеци

Фудбалерот на Манчестер сити, Рајан Шерки, ќе биде надвор од терените во следните два месеци поради повреда на квадрицепсот, потврди менаџерот на „грашаните“, Пеп Гвардиола.
Шерки, во Сити, пристигна во јуни од Олимпик Лион за 30,45 милиони фунти.
22-годишникот постигна гол на своето деби во Премиер лигата во победата од 4-0 против Вулверхемптон. Французинот започна во поразот од Тотенхем во второто коло, а го пропушти вечерашниот натпревар поради повреда што ќе го одвои долго време.
Сити, во неделата претрпе уште еден пораз во Брајтон со 2:1.
Француската фудбалска федерација објави дека напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике, ќе го замени Шерки во националниот тим за квалификациите за Светското првенство во септември. „Триколорите“ ќе се сретнат со Украина и Исланд.
По паузата за репрезентатаивните натпревари, „граѓаните“ ќе го играат дербито на Манчестер против Јунајтед.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN