Свет
Нема да се гради нова џамија во Москва
Плановите за изградба на џамија во југоисточна Москва се отфрлени, наспроти заложбата на премиерот Владимир Путин за изградба на петта џамија за двата милиони муслимани кои живеат во престолнината, пренесува РИА Новости
Префектот на тој административен округ, Владимир Зотов, истакна дека Путин во својот повик не ја прецизирал локацијата на џамијата, па така архитектонската комисија на Москва „може да одлучи да ја лоцира новата џамија во кој било дел од градот“.Првично беше планирано џамијата да се изгради на булеварот „Волжски“ во југоисточна Москва, во округ во кој живее голем број етнички Татари, од кои најголемиот дел се муслимани. Во моментов, во Москва има само четири џамии или по една на секои 500 илјади жители – муслимани.Изградбата на новата џамија поттикнува нови расни тензии во Москва, по масивните нереди во саботата и нередите од средата, предизвикани од смртта на фудбалскиот навивач во тепачка со мигранти од претежно муслиманскиот руски регион Северен Кавказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

