Свет
ОБСЕ незадоволна и од вториот круг
Гласањето оценето како “лошо° и “многу лошо° во 14 отсто од избирачките места
Според меѓународните посматрачи, и покрај успешноста во голем дел од земјава, изборите не ги исполниле стандардите
Гласањето оценето како “лошо° и “многу лошо° во 14 отсто од избирачките места
ТАМАРА ГРНЧАРОСКА
Македонија не го положи поправниот испит на делумниот втор и прегласувањето на првиот круг од локалните избори во земјава, поради неуспехот адекватно да одговорат на пропустите кои беа идентификувани во првиот круг од гласањето, е оцената на мониторинг-мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти во Европа. Тие вчера го соопштија својот прелиминарен извештај за процесот на гласање на локалните избори на 27 март, но и периодот меѓу двата изборни круга.
>?Вториот круг од изборите иако во голем дел од земјата беше спроведен на добар начин, повторно не ги исполни клучните заложби и стандарди за избори на ОБСЕ и Советот на Европааи, се наведува во прелиминарниот извештај на ОДИХР, во кој се додава дека надлежните органи во земјава не успеале соодветно да одговорат на недостатоците идентификувани во првиот круг ?и покрај некои напори за нивно коригирањееи. ?Повторно беа забележани сериозни нарушувања на денот на изборите, на одреден број места во земјата, вклучувајќи ги оние каде што на 13 март беа забележани флагрантни неправилности и, стои во извештајот на ОДИХР.
Според меѓународните монитори, спроведувањето на гласањето на 27 март е оценето како ?лошоои или ?мошне лошоои во 14 проценти од избирачки места, тајноста на гласањето не била почитувана во 17 проценти, додека групно гласање имало во 16 отсто од избирачките места.
Шефот на мониторите на ОДИХР за локалните избори, Џулијан Пил Јејтс, изјави дека иако во поголемиот дел од земјата имаше добро спроведување на гласањето, ?постојните и распространетите нарушувања на други места создаваат сериозни загрижувања и го загрозуваат интегритетот на севкупниот процес и на нив мора итно да се одговориии. Презентирајќи го прелиминарниот извештај за вториот круг од гласањето, Јејтс вчера прочита листа на општини каде што биле забележани сериозни неправилности, меѓу кои ги наведе: Гази Баба, Бутел, Липково, Желино, Тетово, Брвеница, Теарце, Студеничани, Чучер-Сандево, Арачиново и Јегуновце, отфрлајќи каква било поврзаност на нерегуларностите во овие општини со доминација на албанскиот етникум во нив. ?Општините зборуваат сами за себееи, рече Јејтс, додавајќи дека тие се на листата поради нерегуларностите, а не поради етничката припадност на поголемиот број од гласачите таму.
Во прелиминарниот извештај на ОДИХР на 12 страници се наведени заклучоците за второто спроведено гласање од локалните избори, меѓу кои како позитивни беа оценети поднесувањето кривични пријави против сторителите на изборните прекршувања од првиот круг, почитувањето на законските рокови за објавување на првичните резултати, одговарање на жалбите и приговорите од првиот круг, како и техничката подготвеност за вториот круг, кој бил спроведен на уреден и ефикасен начин. На листата, пак, на потфрлувања, освен крадење гласачки ливчиња, полнење кутии, групно гласање, заплашување, идентични потписи во избирачките списоци, ОДИХР го наведува и фактот дека ?во многу случаи општинските изборни комисии (ОИК) гласале по приговорите исклучиво во согласност со интересите на политичките партииии, а не според законската регулатива за изборите. ОДИХР во тој контекст за ДИК даде оцена на ?пасивен играччи, т.е. дека таа ?зазела пасивен пристап и се воздржа од насочување на ОИК во процесот на одлучување по приговорите и жалбитееи. ?Контроверзното прашање во врска со трката за градоначалник на Скопје, задоцнетото објавување на резултатите од првиот круг, како и одлуката за бојкот на вториот круг од страна на коалицијата на етнички албански партии, беа доминантни во рамките на политичката дискусијааи што, според нив, довело до зголемен недостаток на доверба во процесот, но и до негативна атмосфера.
Повторувајќи дека за спроведување демократски избори е потребна техничка подготвеност и политичка волја во земјата, Јејтс рече дека клучното ниво на политичката волја мора да биде одразено преку избирачките одбори каде што ?недостатокот на политичка волја покажува неодлучност да се применат законите во земјатааи.
Во прелиминарниот извештај се става акцент на учеството на жените во изборите, за што од страна на Кит Вајтмор од Советот на Европа беше кажано дека во одделни избирачки места воопшто не биле забележани жени во избирачките одбори, но и ?значителен број места каде што немаше жени кои гласаааи. На прашањето зошто во извештаите на меѓународните монитори на изборите отсуството на жените прв пат се потенцира како сериозна нерегуларност, иако тоа беше вообичаена практика во некои делови од земјата и на претходните избори, Вајтмор одговори дека на ?овие избори ние сами го видовме тоааи. И Вајтмор од страна на Советот на Европа го повтори генералниот заклучок од извештајот дека и покрај именувањето на неправилностите по првиот круг, не биле преземени дејства за подобрување на вториот круг од гласањето. ?Тоа го нарушува демократскиот процес во Македонија и нејзиниот напредокки, изјави Вајтмор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.
Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.
Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.
Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.
„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.
фото/епа
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos

