Македонија
Без доплата уште 54 лекови
Нови 54 лекови, со третата ревизија, се тргнати од листата лекови со доплата, со што се стигнува до бројка од 382 лека за кои не треба доплата, информира директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова.
Со оваа нова одлука се намалува бројот на лекови со доплата до 50 денари.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија утврди нови референтни цени за лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, усогласени со цените на лековите во регионот и новите единствени одобрени цени на лекови во Македонија и без доплата од осигурениците.
Новите референтни цени на лекови треба да почнат да се применуваат од 1 јули, односно по добивање согласност од министерот за здравство.
Лекови без доплата и лек на доплата од нула до 50 денари, во Македонија има околу 700 лека од вкупно 900 кои или немаат доплата или имаат доплата од еден до 50 денари.
„Дваесет лека помалку имаат доплата од 50 до 100 денари, од 100 до 500 денари сто лека имаат намалена доплата, намалување за 11 лека за доплата има од 500 до 1.000 денари, а намалување за 13 лека за доплата од 1.000 до 2.000 денари. Остануваат само четири лека со ваква доплата. Нема лекови со доплата од две до три илјади денари, а порано имаше. Еден лек останува, а претходно биле 13 кои имале доплата над 3.000 денари“, објасни Парнарџиева Змејкова.
Според неа намерата е да има се повеќе лекови без доплата, а оние со доплата значително да се намалуваат, и тоа не како бројка туку и како скали на доплата.
„Бројни производители кога видоа како нивните конкурентни ги намалиле цените на лековите, ни најавија дека сега веќе комуницираат со своите централи и ги прават анализите и тие уште да ги намалат цените. Тоа значи дека овој бран ќе предизвика уште неколку подобрување во некои сегменти во некои генерики“, рече Парнарџиева Змејкова.
Овие цени на лековите се намалени од аспект на Фондот, а не од аспект на осигурениците./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.
Македонија
Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

