Контакт

Свет

Мафија во фудбалот!

Објавено пред

Непријавени фудбалери, неправилни пријавувања, играчи кои воопшто немаат статус на професионалци, кршење на Законот за работни односи откри Државниот инспекторат за труд, кој при крајот на минатата сезона изврши инспекциски контроли во сите дванаесет клубови – членови на Првата лига.

dobivaj vesti na viber

И ВО ФУДБАЛСКИТЕ ПРВОЛИГАШИ СО ГОДИНИ ВЛАДЕЕЛЕ ЛУЃЕ КОИ ГО КРШЕЛЕ ЗАКОНОТ

Златко Крстевски

Непријавени фудбалери, неправилни пријавувања, играчи кои воопшто немаат статус на професионалци, кршење на Законот за работни односи откри Државниот инспекторат за труд, кој при крајот на минатата сезона изврши инспекциски контроли во сите дванаесет клубови – членови на Првата лига.

Болката која со години сите фудбалери „неофицијално“ ја соопштуваат на новинарите, конечно се откри, по само една извршена инспекција од страна на државата. По ова, следува вистинска лавина проблеми за клубовите, зашто тие, според Законот, но и според актите на Фудбалската федерација на Македонија, мора да ги ослободат непријавените фудбалери, или да ги платат сите придонеси ретроактивно. Сега и фудбалерите можат комотно да бараат раскин на штета на клубовите, само врз основа на членот кој вели дека секоја екипа мора плаќа здравствено и пензиско осигурување на своите фудбалери.

Државниот инспекторат за труд соопшти дека, согласно Законот за работни односи и Законот за спорт, презема мерки против сите клубови во кои лицата ангажирани, вработените и фудбалерите не ги остваруваат правата согласно законите. За неисплатените плати и придонеси од плати, известени се Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување и Управата за јавни приходи, со цел да преземат мерки во нивна надлежност.

По откривањето на сиве овие неправилности кои со години го „гризеле“ македонскиот фудбал, прекршени се сите можни правилници на Фудбалската федерација на Македонија, за договори помеѓу клуб и играч. Во Првата лига во изминатите четири години имало клуб, Победа, кој воопшто не плаќал плати и придонеси за своите играчи, а Вардар немал договори со своите фудбалери. Овие неправилности не може да имаат ефект врз натпреварувањето, но клубовите се соочуваат со сериозни санкции од државата за сторените неправилности.

На многу од екипите кои работеле неправилно, сега им се заканува тотално згаснување..

.

ШТО ОТКРИ КОНТРОЛАТА НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ?

Победа не плаќала плати и придонеси четири години!

Најславниот македонски клуб Вардар воопшто немал склучено договори со играчите

Во својата инспекција, Државниот инспекторат за труд ги откри следниве неправилности:

Во Победа од Прилеп, клуб кој е регистриран како здружение на граѓани, има шест вработени – управител, благајник, одржувач на терен, книговодител, економист и општ работник. Ангажирани се 22 фудбалери, од кои 18 се професионалци, меѓу кои четворица странци, без склучени договори за работа и без професионални договори. Придонеси за вработените не се платени од септември 2002 година.

Вардар од Скопје има вработено 10 работници, тренери и помошен персонал. Плати и придонеси од плати не се платени од јануари 2006 година. Клубот со фудбалерите нема склучено договори за работа.

Во Пелистер од Битола, регистриран како здружение на граѓани, нема вработени лица, а ангажирани се 20 фудбалери без договори, додека ФК Силекс од Кратово, регистриран како друштво за спортско-рекреативен и натпреварувачки спорт и професионален спорт, има 20 вработени со договори за работа, од кои 17 фудбалери. Плати и придонеси за вработените се платени заклучно со септември 2006 година.

Во Напредок од Кичево, како што е наведено во соопштението од Министерството за труд и социјална политика, нема вработени лица, а вкупниот број фудбалери е 23, од кои со девет клубот има потпишано професионален договор. Плати и придонеси не се исплатени, освен хранарина за октомври.

Во Влазрими од Кичево нема вработени лица, а вкупниот број фудбалери е 23 и со ниту еден од нив клубот нема склучено договори, ниту професионален, ниту договор за работа. Во клубот не се исплатуваат плати и придонеси од платите.

Во Ренова од селото Џепчиште, клуб кој е регистриран како трговско друштво, се вработени девет лица, од кои седум фудбалери, претседателот на клубот и тренерот. Останатите 13 ангажирани фудбалери имаат статус на аматери, студенти или вработени кај други работодавци. Плати и придонеси се платени заклучно со октомври 2006 година.

Шкендија 79 од Тетово има склучено професионални договори со тројца фудбалери, од кои двајца се со договори за стипендирање, а генералниот секретар има договор за вработување. Останатите 19 ангажирани фудбалери се со статус на аматери. Тренерот, кој е албански државјанин има склучено професионален договор, меѓутоа го нема регулирано статусот како странски државјанин. Плати и придонеси не се платени од јануари 2006 година.

Во Башкими од Куманово, регистриран како здружение на граѓани, има осум вработени, од кои двајца фудбалери. Плати и придонеси се платени заклучно со март 2005 година.

Во Брегалница од Штип, регистриран како трговско друштво, нема ниту еден вработен. Во моментот на надзорот, како што соопштуваат од Министерството за труд и за социјална политика, во составот на првата екипа играле фудбалери од младинскиот состав.

Во шампионот Работнички Кометал од Скопје, регистриран како здружение на граѓани, има 26 лица вработени со договори за работа, од кои 14 фудбалери, а останатите тренери и администрација. Придонесите се платени заклучно со октомври 2006 година, а плати не се платени за август, септември и за октомври 2006 година.

Во Македонија Ѓорче Петров од Скопје има 13 фудбалери вработени со договори за професионално занимавање со фудбал и пет фудбалери со договори за стипендирање на студенти и ученици. Во тек е постапка за регулирање на престојот и вработувањето на петмина фудбалери-странски државјани. Плати и придонеси се платени заклучно со октомври 2006 година. 

Во ФФМ откриено неправилно вработени лица

Трудовата инспекција извршила надзор и во Фудбалската федерација на Македонија и притоа утврдила дека вработените примаат плата врз основа на акт донесен од неовластен орган. Исто така, од Министерството истакнуваат дека во Федерацијата се ангажирани лица спротивно на Законот за работни односи, за што инспекцијата со решенија ја задолжи Фудбалската федерација да престане со ангажирање на затечените лица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

ЕУ им препорача на авиокомпаниите да го избегнуваат воздушниот простор на Иран

Објавено пред

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA) денес им препорача на авиокомпаниите од Европската Унија (ЕУ) да го избегнуваат воздушниот простор на Иран до 31 март, продолжувајќи го претходното предупредување поради, како што рече, зголемен безбедносен ризик за цивилните летови.

dobivaj vesti na viber

„Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за воздушна одбрана, во комбинација со непредвидливите реакции на државите, создаваат висок ризик за цивилните летови што се извршуваат на сите височини и нивоа на лет“, се вели во соопштението на EASA.

Препораката, пренесува Ројтерс, доаѓа во време на зголемени тензии, додека светските сили и земјите во регионот изразуваат загриженост дека евентуалниот прекин на преговорите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави би можел да доведе до ескалација на конфликтот и дестабилизација на поширокиот регион богат со нафта.

Иран претходно предупреди дека решително ќе одговори на секој можен напад, како и дека соседните земји од Персискиот Залив, во кои се наоѓаат американски воени бази, би можеле да бидат изложени на последиците доколку бидат вклучени во евентуални воени операции.

Прикажи повеќе...

Свет

Капета: Милијарди евра погрешно платени на Унгарија

Објавено пред

Водечката советничка на највисокиот суд на Европската Унија оцени дека одлуката на Европската комисија за деблокирање на милијарди евра средства за Унгарија, кои претходно беа замрзнати поради загриженост за корупција и владеење на правото, треба да се поништи.

dobivaj vesti na viber

Тамара Капета, генерален адвокат на Судот на правдата на Европската Унија, изјави дека Комисијата не требало да го одобри плаќањето бидејќи Унгарија не ги спроведела целосно судските реформи што беа услов за ослободување на средствата.

Во 2022 година, комисијата ги суспендираше исплатите до владата на премиерот Виктор Орбан поради загриженост дека Будимпешта не успева да ја спречи корупцијата и да ја обезбеди независноста на судството. Сепак, една година подоцна, заклучи дека Унгарија направила доволно промени и ѝ обезбедила пристап до приближно 10 милијарди евра од разни фондови на ЕУ.

Во 2024 година, Европскиот парламент покрена тужба, тврдејќи дека извршната власт на ЕУ направила „очигледни грешки“. Некои европратеници изјавија дека одлуката е донесена непосредно пред клучниот самит на ЕУ, кога била потребна поддршката на Орбан за пакетот помош за Украина, што, според нив, укажува на политичка мотивација.

Мислењата на главните обвинители не се правно обврзувачки, но судиите често ги следат. Конечната пресуда се очекува во наредните месеци.

Капета изјави дека Комисијата не ги оценила соодветно реформите на унгарското судство и дека „погрешно ги применила критериумите“ кога го одобрила исплаќањето на средствата без јасно објаснување. Таа истакна дека ЕУ не треба да им исплаќа средства на земјите-членки сè додека бараните законски реформи не бидат целосно усвоени и имплементирани.

Дел од европските средства за Унгарија сè уште се блокирани, поради што Орбан често ја обвинува Комисијата за мешање во внатрешните работи на неговата земја и користење на финансиските ресурси како политички притисок.

Правните експерти предупредуваат дека, доколку судот пресуди во корист на Парламентот, Комисијата би можела да биде принудена да ги надомести спорните пари со намалување на идните плаќања кон Унгарија. Пресудата, исто така, би можела да постави важен преседан за улогата на Комисијата во случаи на кршење на владеењето на правото во рамките на ЕУ.

Во меѓувреме, Орбан се соочува со еден од најголемите политички предизвици во неговите 16 години на власт. На изборите во април, негов противник ќе биде лидерот на централно-десничарскиот лидер Петер Маѓар и неговата партија Тиса, која ветува дека ќе го врати владеењето на правото и ќе ги подобри односите со Европската Унија. Според повеќето анкети, Маѓар во моментов води во анкетите.

Прикажи повеќе...

Свет

Растот на платите во Еврозоната се забавува: „Ќе биде помал од 3 проценти“

Објавено пред

Европската централна банка (ЕЦБ) денес објави дека растот на договорните плати во Еврозоната во 2026 година ќе остане умерен и ќе изнесува помалку од три проценти до крајот на 2026 година, што укажува на нормализација на притисокот врз заработката.

dobivaj vesti na viber

Според ЕЦБ, договорните плати, вклучувајќи ги и еднократните плаќања (како што се бонуси или надоместоци поради инфлација), се зголемиле за 3,2 проценти во 2025 година, додека се очекува зголемување од 2,4 проценти во 2026 година.

Ако се исклучат еднократните плаќања од пресметката, се очекува платите во Еврозоната да пораснат за 2,7 проценти во 2026 година, со постабилно и поумерено темпо отколку во претходните години. Податоците покажуваат дека во првата половина од 2026 година, договорените плати ќе се зголемат за околу 2,1 процент, додека во втората половина се очекува раст од 2,7 проценти, бидејќи ефектите од големите еднократни плаќања од претходните години постепено се намалуваат.

Европската централна банка, исто така, забележува дека притисокот врз платите сè повеќе се изедначува меѓу различните земји од еврозоната.

Податоците опфаќаат околу една третина од вработените во земјите од еврозоната, и даваат добар увид во трендовите на платите, но ЕЦБ забележува дека нејзиниот извештај не е прогноза, туку одраз на моменталната состојба во колективните договори.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија5 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија8 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија8 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија9 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија10 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија10 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ12 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа13 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет13 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа14 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа14 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион14 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет15 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија1 ден

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија1 ден

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија1 ден

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ1 ден

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...