Свет
Нападната претседателската резиденција во јеменскито ргад Таиз
Десетици вооружени лица во неделата ја нападнале претседателската резиденција во градот Таиз во јужниот дел на Јемен – вториот по големина град во земјата при што загинале четворица војници, јавува Асошиејтед прес повикувајќи се на воени извори и очевидци
Според агенцијата, напаѓачите се обиделе да влезат во зградите о дкомплексот на претседателската резиденција. За време на нападот, при одговорот на војниците од обезбедувањето на комплексот бил убиен еден од напаѓачите. Милитантите припаѓаат на групата формирана неодамна да им се одмаздува на владините трупи за убиствата на демонстрантите за време на задушувањето на анти-владините протести. Во петокот вооружени напаѓачи отворија оган врз џамијата во комплексот во на претседателската палата во Сана. Притоа покрај претседателот Али Абдула Салех, беа ранети премиерот, вицепремиерот, претседателот на Собранието и неколку политичари кои биле во храмот на традиционалната петочна молитва.Во саботата навечер, претседателот Салех отпатува за Саудиска Арабија на лекување. Претходно во кралството на лекување од здобиените повреди заминаа неколкумина повредени во нападот јеменски функционери, вклучувајќи го и премиерот, претседателскиот советник за прашањата на безбедноста и двајца членови на парламентот. Анти-владините демонстрации со кои се бара оставка на Салех кој е на власт повеќе од 30 години,избувнаа на почетокот од февруари. Според западните медиуми, во текот на немири во земјата загинале неколку стотици луѓе. Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив (GCC) на 23-ти мај најави повлекувањето на својата иницијатива за мирно решение на кризата во Јемен поради неуспехот на шефот на државата да потпише договор со кој ќе го осогура мирниот трансфер на власта во земјата во рок од еден месец, во замена за гаранции дека нема да биде судски гонет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

