Свет
Нападната претседателската резиденција во јеменскиот град Таиз
Десетици вооружени лица во неделата ја нападнале претседателската резиденција во градот Таиз во јужниот дел на Јемен, вториот по големина град во земјата при што загинале четворица војници, јавува Асошиејтед прес повикувајќи се на воени извори и очевидци.
Според агенцијата, напаѓачите се обиделе да влезат во зградите од комплексот на претседателската резиденција. За време на нападот, при одговорот на војниците од обезбедувањето на комплексот бил убиен еден од напаѓачите. Милитантите припаѓаат на групата формирана неодамна за да им се одмаздува на владините трупи за убиствата на демонстрантите за време на задушувањето на анти-владините протести. Во петокот вооружени напаѓачи отворија оган врз џамијата во комплексот на претседателската палата во Сана. Притоа покрај претседателот Али Абдула Салех, беа ранети премиерот, вицепремиерот, претседателот на Собранието и неколку политичари кои биле во храмот на традиционалната петочна молитва.Во саботата навечер, претседателот Салех отпатува за Саудиска Арабија на лекување. Претходно во кралството на лекување од здобиените повреди заминаа неколкумина повредени во нападот јеменски функционери, вклучувајќи го и премиерот, претседателскиот советник за прашањата на безбедноста и двајца членови на парламентот. Анти-владините демонстрации со кои се бара оставка на Салех кој е на власт повеќе од 30 години,избувнаа на почетокот од февруари. Според западните медиуми, во текот на немири во земјата загинале неколку стотици луѓе. Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив (GCC) на 23-ти мај најави повлекувањето на својата иницијатива за мирно решение на кризата во Јемен поради неуспехот на шефот на државата да потпише договор со кој ќе го гарантира мирниот трансфер на власта во земјата во рок од еден месец, во замена за гаранции дека нема да биде судски гонет./крај/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.