Европа
ЕТА прогласи примирје
Баскиската терористичка организација ЕТА (ЕТА – Euzkadi Та Azkatasuna, на баскиски „Татковина и слобода“) во недела објави дека „пред неколку месеци донесе одлука да не се преземаат вооружени дејства“, пишува леворадикалниот баскиски весник Gara повикувајќи се на соопштение на организацијата
Според агенциските извештаи, весникот објавува дека редакцијата го добила видео материјалот со изјавата на баскиските екстремисти. На снимката, можело да се видат тројца членови на ЕТА со сокриени лица а во заднината амблемот на терористичка организација.Еден од нив – жена, на баскиски јазик ја дава изјавата, во која се вели дека оваа „ЕТА ја потврдува својата намера со демократски средства, преку дијалог и преговори да се дојде до тоа баскиските граѓани да одлучат за својата иднина на слободен и демократски начин“.Слуховите дека баскиските терористи намера да прогласи примирје циркулираа последните седмици. Но, многумина експерти страхуваат дека ова е само привремено примирје, кое може да им послужи на терористи, да ги коснолидираат своите редови.Последниот напад на ЕТА се случи лани, на 9 август 2009 г. Оттогаш, шпанската полиција со помош на француските, португалските и британските колеги речиси ја уништија организацијата. Од почетокот на 2010 г., полицијата уапси вкупно повеќе од 60 осомничени високи членови на ЕТА, во акции извршени во неколку држави, притоа се запленети речиси два тона експлозиви, голем број лажни документи користени за илеглани патувања, оружје, дрога а беа откриени и неколку тајни лаборатории за производство на експлозиви во Португалија и беа спречени создавања на две бази во Португалија во Каталонија.Официјален датум на формирањето на баскиската терористичка организација ЕТА е 31 јули 1959 г., кога група на млади луѓе кој ја напуштаат Баскиска националина партија, одлучиле да се борат се оружје за независност на регионот Баскија. Според некои извештаи, првата жртва на баскиската терористи (иако организација се уште нема преземена никаква одговорност за тој напад) е 22-месечно девојче Бегоња Урос Ибарола, кое изгорело живо во самоубиствен напад извршени од терористи на 27 јуни 1960 г. на железничката станица „Амара“ во Сан Себастијан. Првпат организацијата официјално презеде одговорност за своја акција на 7 јуни, 1968 г., при терористички напад во кој загина еден полицаец, Жозе Пардиње.Се смета дека од страна на ЕТА, според најновите податоци, досега се убиени 858 лица. Последниот убиствен терористички напад беше извршен на 30 јули 2009 г. во Мајорка, кога беа убиени двајца полицајци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

