Свет
Спасени сите 29 рудари од поплавениот рудник во Кина
Сите 29-мина рудари, кои 24 часа беа заробени во поплавеното окно на рудник за јаглен во северозападниот дел на Кина, во понеделникот наутро се извлечени од рудникот, јави Синхуа
Првично светските агенции јавија дека поплавата во рудникот во градот Неиџианг зароби 28 рудар, бидејќи во тој момент под површината на земјата се наоѓале 41 рудар, но 13 од нив успеале да излезат на површината.Копот на претпријатието „Batian Coal Mine” во областа Вејујуанг во провинцијата Сечуан беше поплавен во неделата наутро. Според лекарите, рударите се видно ицрпени но никој од нив не рпеживеал посеризони трауми. Проценките се дека во рудникот Баитиан има околу 4.000 кубни метри вода. Малиот рудник што се наоѓа во провинцијата Сечуан е во приватна сопственост.Јагленот во Кина носи 70 отсто од целата енергија, земја со недостиг од енергетски ресурси, каде рударската професија е една од најопасните во светот поради сиромашните сигурносни стандарди во работата и интензивниот работен план.Околу седум илјади луѓе гинат годишно во несреќи предизвикани во рудниците за јаглен во земјата. Кина се труди да ги затвори помалите рудници или да ги земе во своја сопственост, како дел од поголемите рудници, за да се избегнат честите трагедии. Во кинеските рудници смртноста е многу голема, поради застареноста на инфраструктурата и слабите безбедносни мерки, а само мината година во нив животите ги загубиле околу 2.700 рудари.Несреќите во кинеските рудници за јаглен се мнову чести, речиси секоја седмица последниве години се случува несреќа во која гинат десетина рудари. Во 2008 г. во вакви несреќи загинале 3.215 кинески рудари, но се смета дека неофицијалната бројка е многу поголема. Само во декември 2009 г. месец, во несреќа на сервероисток на Кина загинаа 108 рудари, што беше најтешката несреќа во кинеските рудници во последните две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

