Свет
Иселениците побројни од доселениците во Германија
Минатата 2009 година, од Германија се иселиле поголем број луѓе, отколку што се доселиле во неа , соопшти германскиот Завод за статистика.
Минатата 2009 година, од Германија се иселиле поголем број луѓе, отколку што се доселиле во неа , соопшти германскиот Завод за статистика.
Во 2009 година вкупно 734.000 лица ја напуштиле Германија, а 721.000 се доселиле.
За разлика од 1985 до 2007 година кога бројот на доселеници во Германија беше поголем од бројот на иселеници, ова е вторпат кога бројот на доселеници бележи пад, пренесува Дојче Веле.
Најголем број лица заминале во Полска, Романија, Турција, САД и Швајцарија, а најголем број луѓе се доселиле од Полска, Романија, САД, Турција и Бугарија.
Според статистичките податоци, како најпожелни покраини за доселениците се Северна Рајна Вестфалија, Баден Виртенберг и Баварија.
Мемет Килич, експерт за миграциски прашања од Партијата на зелените, оцени дека ваквата статистика зборува оти Германија не е веќе толку привлечна за доселениците.
„Тие меѓутоа ни се неопходни, ако ништо друго, тогаш за одржување на социјалните системи во земјата поради големиот процент на старо население“, порача Килич./крај/дв/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

