Свет
МХК „Злетово“ повторно на продажба
Со почетна цена од 7,6 милиони евра четврти пат на тендер ќе се продаваат Топилницата и фабриката за вештачко ѓубриво (ХИВ) од МХК „Злетово“ во стечај. Владислав Тамбурковски, стечаен управник, вчера ја објави продажбата на комбинатот
Со почетна цена од 7,6 милиони евра четврти пат на тендер ќе се продаваат Топилницата и фабриката за вештачко ѓубриво (ХИВ) од МХК „Злетово“ во стечај. Владислав Тамбурковски, стечаен управник, вчера ја објави продажбата на комбинатот, а потенцијалните купувачи имаат рок до 28 октомври за да ги достават своите понуди. Идниот сопственик на комбинатот нема обврска на работа да ги задржи работниците, а ќе биде ослободен и од сите обврски кон доверителите.
Досега на трите јавни тендери за продажба на комбинатот не се јави ниту еден понудувач, а почетната цена на последниот тендер беше 7,6 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија планира да и даде на Украина уште 400 милиони евра воена помош
Германската влада има намера оваа година да одвои дополнителни 400 милиони евра за воена поддршка на Украина, се наведува во писмото на Министерството за финансии до Комисијата за буџет на Бундестагот.
„Германската влада планира краткорочно да одвои дополнителни 400 милиони евра за воена поддршка на Украина“, се наведува во писмото, пренесува Handelsblat.
Државниот секретар за финансии Флоријан Тонкар, кој го потпиша писмото, укажа на опасноста „Украина да претрпи пораз во одбранбената кампања без значително зголемена материјална поддршка“.
Свет
Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците
Украина ја забранува употребата на апликацијата за пораки Телеграм на официјални уреди што ги користат владини функционери, војска и друг клучен персонал поради загриженост за руска шпионажа, соопшти денеска украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.
Безбедносното тело ги објави новите ограничувања откако Кирил Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка агенција ГУР, му претстави на Советот докази за способноста на руските специјални служби да ја следат платформата, се вели во соопштението.
Во соопштението на Советот за безбедност се наведува дека Буданов дал докази дека руските специјални служби можеле да пристапат до пораките на Телеграм, вклучувајќи избришана содржина, како и лични податоци на корисниците.
Свет
(Видео) Израелците го нападнаа Бејрут, цел бил Ибрахим Акил, командант на операциите на Хезболах
Густ облак од чад се издигна над главниот град на Либан Бејрут откако израелската војска соопшти дека извршила „цеден напад“. Жителите на јужните предградија пријавиле дека слушнале силна експлозија, пренесува Ројтерс.
BREAKING: A security source in Lebanon:
“Israeli bombing targeted the southern suburb of Beirut. It is not yet known whether a specific person was targeted, but the damage is great.” pic.twitter.com/EvMBFxOa24
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) September 20, 2024
Израелците не дадоа никакви детали за нападот, но нагласија дека нема промена во советите за израелските цивили да останат безбедни. Нападот на Бејрут се случи откако Хезболах истрела 140 ракети во северен Израел.
Новата размена на оган доаѓа по серијата експлозии на комуникациски уреди во вторникот и средата, при што загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 3.000 беа ранети во Либан.
Либанската влада и милитантната група Хезболах го обвинија Израел за нападот. Тел Авив не ги коментираше тие наводи, но министерот за одбрана Јоав Галант најави дека Израел влегува во „нова фаза“ од војната.
Цел на израелското гранатирање на Бејрут бил Ибрахим Акил, командант на операциите на Хезболах, објави израелското воено радио.
Медиумите јавуваат дека Акил е убиен во овој напад, а тој е еден од клучните луѓе на Хезболах, за чија глава Америка понудила дури седум милиони долари.
Новинската агенција АФП цитираше извор близок до Хезболах дека Акил бил убиен во нападот.
Американското Министерство за правда понуди награда од 7 милиони долари за информации за клучниот лидер на Хезболах Ибрахим Акил.