Македонија
Докторски тези по стар систем до крајот на 2011 година
Сите оние кои се стекнале со научно звање магистер пред стапувањето на сила на Болоњскиот процес ќе можат да пријават докторат по стариот систем до 31.12.2011 година, најави денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
„Согласно оние обврски кои ги имаме превземeно од Болоња, до 01.01.2012 мораме целосно да бидеме компатибилни со Болоњскиот систем и да имаме промовирано докторски студии и на овој начин сериозно ќе овозможиме намалување на овој вакуум, кој се создаде во изминативе неколку месеци“, рече Тодоров.
Тој ги коментираше гласините дека докторските студии се блокирани од страна на министерството за образование и наука, и рече дека станувало збор за примена на одредба од уредбата за мерила и критериуми која се однесува на докторските студии, а која предвидувала за ментор да не може да биде избрано лице кое нема минимум пет објавени трудови во меѓународно списание.
„Очигледно овој низок европски просек, беше превисок за македонски услови и како резултат на тоа, ние на последната седница на Владата донесовме одлука за измена на оваа уредба на која што предвидовме за оваа година да имаме два труда, за наредната – три, па потоа четири, пет, итн. Ова е еден скалест пристап со кој ќе овозможиме поголем процент од оние елаборати кои се доставени до одборот за акредитација да бидат прифатени./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

