Свет
Холандската воена полиција истражува дали Нигериецот имал соучесник
Холандската воена полиција ја истражува можноста соучесник да му помогнал на Нигериецот кој на Божик се обиде да го крене во воздух авионот на линијата Амстердам-Детроит, пренесоа агенциите
Американската брачна двојка Курт и Лори Хаскел, кои патувале во авионот, изјавиле дека во петокот утрината на амстердамскиот аеродром Схипхол виделе висок добро облечен маж на возраст од околу 50-ина години, заедно со атентаторот Умар Фарук Абдулмуталаб. Тие тврдат дека мажот се обидел без пасош да го качи Абдулмуталиб на летот 253 на Northwest Airlines. „Во овој момент немаме информација дали имало друг човек. Ги проверуваме сите добиени сигнали и информации“, изјави портпарол на холандската воената полиција. Полицијата ги проверува лентите од безбедносните видеокамери, за да ја потврдата вистинитоста на тврдењето на американските сопружници. Холандските аерородромски власти претходно нагласија дека Абдулмуталаб не минал низ пасошката контрола на Схипхол на доаѓање од Лагос. Но се забележува дека е многу мала веројатноста Нигериецот можел да се влезе во авионот без да го покаже пасошот.Ниегериецот не бил сам во обидот да го разнесе авионот над Детроит?!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

