Регион
Еврогрупата позитивно одговорила на грчкото писмо
Челникот на групата министри за финансии на земјите од еврозоната позитивно одговорил на грчкото барање за скорешен почеток на техничките разговори со меѓународните заемодавачи за да се заклучи програмата за странска финансиска помош на Грција, изјави во саботата грчки владин функционер, а истовремено претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер предупреди на тешките социјални состојби во оваа земја.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот му испрати писмо на челникот на еврогрупата, Јероен Дијселблом во кој ја опишува првата група реформи коишто Грција има намера да ги спроведе како услов за идната помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ги повикува во разговорот што во недела ќе биде објавен во германскиот весник Die Welt, „сите“ во Европската унија да ја сфатат сериозноста на социјалната состојба во Грција.
„Челникот на еврогрупата ноќва со писмо му одговори на министерот за финансии Варуфакис, Позитивно одговори на писмото на грчкиот министер, нагласувајќи ја потребата од продолжување на преговорите во европската работна група и меѓу техничките тимови за да се спроведе одлуката од 20-ти февруари“, рекол за Reuters неименуван грчки функционер.
Врз основа на договорот со доверителите од февруари, новата грчка влада водена од радикалната левица треба до крајот на април треба да ги објави мерките кои има намера да ги спроведува за да добие дополнителна финансиска помош. Министрите за финансии ќе се сретнат во понеделник во Брисел за да дискутираа за мерките коишто ги предлага Атина.
Претседателот на Европската централна банка (ЕСВ), еден од грчките доверители, Марио Драги, во четвртокот побара да биде извршен притисок врз грчката влада за да ги спроведе ветените реформи, велејќи дека банката ќе продолжи да ги кредитира грчките банки само доколку утврди дека Атина продолжува да ја спроведува програмата и дека е на пат да добие преодна оцена.
Драги, исто така, нагласи дека ЕСВ нема да го зголеми лимитот за грчките краткорочни заеми, што би ѝ помогнале на владата на премиерот Алексис Ципрас да ја спречи финансиската гриза, имајќи предвид дека договорот за Европската унија забранува финансирање на националните влади.
Од кабинетите на грчкиот премиер објавија дека Ципрас во саботата имал „конструктивен“ разговор со Драги, како и дека притоа рекол дека ја почитува независноста на Европската централна банка од политичките притисоци.
Претседателот на ЕК, јункер, истовремено предупредува на загрижувачките социјални состојби во Грција. „Мораме да бидеме претпазливи ситуацијата во Грција дополнително да не се влоши. Она што ме загрижува е дека некои во Европската унија не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата во Грција“, смета. Јункер притоа не појаснува дали мисли на една или повеќе држави членки или на некоја од институциите на ЕУ.
Јункер предупреди дека четвртина од Грција не примаат социјална помош, дека невработеноста е најголема во ЕУ, особено меѓу младите, во периодот додека земјата минува низ реформите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека социјалната мрежа „Тик-ток“ повторно ќе биде достапна во Албанија.
Рама во интервју за „Политико“ истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека набргу ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во оваа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани „Тик-ток“ пред една година кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Регион
Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал
Од 1 јануари 2026 година во Србија ќе почне систематско тестирање на летачкиот и на кабинскиот екипаж за присуство на алкохол.
Со тоа Србија станува една од првите земји во регионот што ја воведува оваа постапка во целост, објави Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија.
Тестирањето ќе се спроведува на летачкиот и на кабинскиот екипаж на домашни и странски авиони што ги користат аеродромите во Србија.
Проверките ќе ги вршат специјално обучени и овластени воздухопловни инспектори на Дирекцијата.
Постои нулта толеранција за присуство на алкохол кај членовите на екипажот на авионите.
За мерење на количината алкохол ќе се користат сертифицирани и калибрирани уреди за мерење алкохол во здивот, кои имаат доказна вредност во судските постапки.
Во случај член на летачкиот или кабинскиот екипаж да го одбие тестот или тестот утврди присуство на алкохол, воздухопловниот инспектор привремено ќе му забрани да ги извршува должностите на член на екипажот и ќе го пријави тоа кај надлежните органи.
По правило тестирањето ќе се врши во кабината на авионот, а податоците за спроведените тестови ќе се внесуваат во централизирана база на податоци управувана од Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската Унија (EASA).
За почетокот на примената на оваа постапка Дирекцијата навремено ги информира сите воздухопловни субјекти во Србија и EASA, која има улога да обезбеди поддршка во дефинирањето на приоритетите за тестирање и управувањето со релевантните податоци.
Фото: depositphotos
Регион
Во Хрватска во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа
Во Хрватска предлог-законот за примена на нуклеарна енергија за цивилни цели, изготвен од работна група, составена од голем број експерти од областа, е пуштен на јавна дебата, што всушност е првиот сериозен правен чекор во долгорочниот и скап процес на изградба на првата нуклеарна централа на хрватска територија.
Во последните месеци, министерот за економија, Анте Шушњар, често се појавуваше во јавноста со идејата дека Хрватска треба да изгради сопствена нуклеарна централа, што во овие нови геополитички околности и трендови на напуштање на фосилните горива, како и во времето на револуцијата на вештачката интелигенција и потребата од огромни количини електрична енергија, би донело стабилност во електроенергетскиот систем на земјата и би влијаело на намалувањето на емисиите на штетни гасови, пренесува „Танјуг“.
Од нацрт-верзијата на предложениот закон е јасно дека Хрватска во иднина во голема мера ќе се потпира на нуклеарна енергија. Планот е една третина од електричната енергија до 2040 година да доаѓа од нуклеарни извори.

