Спорт
Хамам вложи жалба на доживотната суспензија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/28a15c5e-82eb-48dc-82bc-303db27d692d.jpeg)
Поранешниот кандидат за претседател на ФИФА Мохамед Бин Хамам вложи жалба на изречената доживотна суспензија во фудбалот.ФИФА минатиот месец му ја изрече суспензијата поради корупција при изборот на претседател на ФИФА, во која Хамам беше противкандидат на Блатер.
Поранешниот кандидат за претседател на ФИФА Мохамед Бин Хамам вложи жалба на изречената доживотна суспензија во фудбалот.ФИФА минатиот месец му ја изрече суспензијата поради корупција при изборот на претседател на ФИФА, во која Хамам беше противкандидат на Блатер. Хамам поради тоа отпадна од трката, а Блатер доби нов мандат.Хамам наведува дека одлуката за суспензија е донесена од политички причини. Мохамед Бин Хамам, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Азија изјави дека не очекува позитивна разврска при одлучувањето по жалбата, посебно поради тоа што членовите на комисијата за жалби ги одредил Блатер, но дека жалбата е неопходна во процедурата во која ќе бара правда пред Арбитражниот спортски суд. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
УЕФА размислува за укинување на продолженијата во ЛШ, ама дури од 2027
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/6-4.jpg)
Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони, но промената би можела да се случи дури во 2027 година.
Како што пренесува Гардијан, Европската куќа на фудбалот размислува да ги укине продолженијата во нок-аут фазата во Лигата на шампиони.
Едно ваква промена би се случила само откако ќе заврши сегашниот циклус натпревари, односно дури во 2027 година.
Останува да се види една ваква одлука колку екстра „одмор“ ќе им донесе на фудбалерите, минатата сезона, во Лигата на шампиони имаше продолженија на само три натпревари. Во сезоната 2022/23, на ниту еден натпревар немаше продолженија.
Спорт
Мартинез во аут до крајот на сезоната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1738574752-GettyImages-2197239998-1.jpg)
Лисандро Мартинез заработи нова тешка повреда и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Аргентинскиот дефанзивец заработи повреда на вкрстените лигаменти на левата нога во поразот од Кристал Палас (0:2), во неделата. Манчестер јунајтед потврди дека нема да може да смета на него до крајот на сезоната.
Ова е петта повреда за Мартинез откако пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година.
Оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.
РЕ-Наши фаци
Македонецот Ервин Цого останува селектор на швајцарската 3х3 репрезентација до 2028: „Целта е да одиме на Олимпијада“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Ервин-Цого-02.jpg)
Македонскиот баскетџија, Ервин Цого, го продолжи договорот со Швајцарскста кошаркарска федерација и ќе остане селектор на машката 3х3 репрезентација до 2028-ма година.
Цого, кој го презеде кормилото на 3х3 репрезентацијата на почетокот на 2024, во првата година како селектор успеа да ги освои квалификациите за Европското првенство, и на шампионатот да го освои 4. место со швајцарската репрезентација.
За новите предизвици, Цого вели: „Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт. Летово ќе играме квалификации за Европското првенство во Букурешт на 7 и 8 јуни, а после тоа одиме на Светското првенство во Монголија, кое ќе се игра на 22 и 23 јуни. Обезбедивме учество на Светско, откако лани завршивме четври на Европското првенство и добивме директен тикет за на Светско. Играчите во тимот и годинава се исти – шест играчи се во конкуренција, од нив 4 ќе бидат избрани за натпреварување. Се познаваме сите добро, имаме добра хемија во тимот. Со добра хемија и желба за успех, може да изненадиме секого и да дојдеме до големи успеси“.
За потсетување, Ервин Цого беше член на македонската 3х3 репрезентација – тој во летото 2023 ја заврши својата репрезентативна кариера по настапот со националниот тим на турнир во Братислава.