Македонија
Еден затруен од чад во пожарот на „Копанки“
Едно лице се пријавило за укажување на лекарска помош поради вдишување на чад во пожарот којшто избувна и во којшто целосно изгорен планиранскиот дом „Копанки“ на Пелистер, соопшти МВР.
Планинарскиот дом целосно изгоре во пожар што почнал доцна во неделата кон понеделникот. Жртви нема, сите присутни лица биле евакуирани, а причинета е голема материјална штета што дополнително ќе се утврдува.
Се уште не се утврдени причините поради кои настанал пожарот. Полицијата моментално врши увид на местото на пожарот.
„Дојавата за пожарот во противпожарната служба во Битола е примена во 24 часот. Кон Домот се упатија седум пожарникари со три возила. Но, бидејќи патот до таму е непристапен, кога стигнавме веќе пламенот зел замав, па немаше можност за интервенција“, вели командирот на противпожарната служба на Битола, за „Макфакс“.
Опремата за гасење, до местото на пожарот била носена со ратрак, поради непристапност на теренот.
Командирот за „Макфакс“ потврдува дека нема човечки жртви, а дека сите присутни биле навреме евакуирани.
Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
Планинарскиот дом кој нудеше 16 соби за сместување е изгорен до темел, а материјалната штета дополнителни ќе се утврдува.
Според битолските медиуми, во текот на вчерашниот ден биле организирани неколку зимски манифестации околу домот, а сега остануваат без една од омилените дестинации за зимски спортови и уживање./крај/мф/бб/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

