Контакт

Европа

Разузнавањето предупредува на планирани напади во Белгија и Франција

Објавено пред

Белгиската полиција примила дојава за терористичка закана во којашто се предупредува дека група од борци на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) неодамна тргнала од Сирија кон Европа со планови за напади во Белгија и Франција, изјавил во среда извор близок на истрагата.

dobivaj vesti na viber

Изводи од соодветната преписка се испратени до сите безбедносни служби во земјата, пишува списанието La Derniere Heure.

Дојавата е примена два дена откако вооружен напаѓачите кој изразил лојалност на Исламската држава уби француски полицаец и неговата сопруга во станот недалеку од Париз и четири дена по масакрот во американски Орландо кој го изведе Американец со авганистанско потекло кој исто така тврдел дека изразил лојалност на џихадистичката организација.

„Милитанти на Исламската држава, се претпоставува, ја напуштиле Сирија пред околу седмици и пол, за преку Турција и Грција, во чамци и без документи, за да стасаат во Европа. Тие лица може да се поделат на две групи: една да се упати кон Белгија, а другата во Франција за да извршат напади во помали групи од по двајца. Според разузнавачките информации со коишто располагаме, тие би можеле да го добијат потребното оружје и нивните акции да бидат неизбежни“, се наведува во дописот на белгиското разузнавање што го цитира весникот.

Кризниот штаб на Белгија како потенцијални цели во земјата ги посочува големите трговски центри во Брисел, неименуван американски синџир ресторани за брза храна и некои објекти на безбедносните структури „најверојатно полициски станици“.

Како можни цели на терористите, исто така, се посочени и фан зони организирани по повод европското фудбалско првенство во соседна Франција, железнички станици, амбасади и зданија на меѓународни организации, како и болници, хотели, места на кои се изведуваат концерти и фестивали.

Поради тоа, безбедносните служби препорачуваат локалните власти колку што се во можност да ги „одложат или целосно да ги откажат масовните настани“. „Ова може да важи не само за големи градови, туку и градовите во провинциите може да бидат цел на борците“, се наведува уште во дописот на белгиското разузнавање.

„Во Европа постојат притаени ќелии на Исламската држава. Франција продолжува да биде приоритетна цел на оваа терористичка организација., но не е исклучено нападите да бидат извршени и во Белгија. Нивната главна задача е да предизвикаат што е можно повеќе жртви. Оценуваме дека нивото на закана е многу високо, кога станува збор за можниот број жртви и објекти врз коишто може да бидат извршени напади“, се наведува во цитираното безбедносно предупредување.

Весникот La Derniere Heure, исто така, го пренесува коментарот на челникот на белгискиот кризен штаб, Пол ван Тигхелт, кој ги потврдува постоењето на таквиот допис и неговата содржина, но сепак изразува повоздржана процена за нивното на безбедносната закана.

„Службата е информирана за различните закани од најразличен вид. Честопати тие се сериозни и нашата должност е да ги алармираме нашите партнери, за анализа и проверка на добиените податоци. Во конкретниот случај дојдовме до заклучокот дека нема потреба да се подигнува нивото на закана (во моментов во Белгија на сила е третото ниво од можните четири – з.р.), имајќи ги предвид потенцијалните цели на терористите“, појаснува ван Тигхелт.

Претходно во средата францускиот премиер Мануел Валс, во врска со убиството на парискиот полицаец и неговата сопруга во нивниот дом, рече дека Франција презема сé што е во нејзина моќ за да ги спречи новите терористички напади, но предупреди дека нив и натаму ќе ги има.

Валс рече дека разузнавачката служба и полицијата од 2013 година спречиле 15 напади и дека водат постојана борба за да им влезат во трагата на можните идни терористи.

„Мораме да ја затегнеме мрежата и да им дадеме на полицијата и на разузнавачките служби сите средства коишто им се неопходни, но ќе бидеме соочени со нови напади. Ќе бидат загубени уште невини жртви, предупреди премиерот во разговорот за радиото France Inter./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Пристигнаа нови карти: „Руското освојување на Покровск може да почека, загубите се огромни“

Објавено пред

Руските сили продолжуваат полека, но стабилно да напредуваат кон Покровск во регионот Донецк, според најновиот извештај на Американскиот институт за проучување на војната.

dobivaj vesti na viber

Институтот: Руското заземање на Покровск може да потрае. Загубите се огромни
И покрај месеците обиди за пробивање на украинските одбранбени линии, темпото на рускиот напредок останува ограничено, делумно поради исцрпувачките офанзиви со големи загуби што Москва ги спроведува истовремено на неколку делови од бојното поле.

Според проценката на Институтот, руската команда „веројатно ќе успее да го заземе Покровск и блискиот Мирноград“, но овој процес може да потрае многу подолго и да донесе поголеми загуби отколку што би било потребно доколку силите и ресурсите беа концентрирани исклучиво во таа насока.

Покровск, заедно со Авдиевка и Часив Јар, е еден од клучните урбани центри на западниот регион Донецк, чие заземање би отворило пат за Русија да навлезе во подлабоките делови од украинската одбрана и да ги загрози линиите за снабдување до Днепар.

Напади со висока цена
Институтот, исто така, истакнува дека руските трупи ги користат магливите временски услови во последните недели за да ги интензивираат нападите, особено во правец на Хуљајпол и други области во источна Украина.

Маглата го отежнува работењето на украинските извидувачки и борбени беспилотни летала, што Москва го користи за да ги премести пешадиските и оклопните единици кон линиите на фронтот.

Според Институтот, повеќемесечната кампања на Русија за воздушно пресретнување на бојното поле – операции насочени кон онеспособување на украинските логистички и комуникациски центри – веројатно придонела за неодамнешните руски напредувања во областите Великомикајливка и Хуљајпоље.

Сепак, аналитичарите истакнуваат дека овие успеси доаѓаат со висока цена, бидејќи украинските сили продолжуваат со прецизни удари да напаѓаат во руската позадина и снабдувачки патишта.

Исцрпување на противникот
Украинската армија, од друга страна, ја продолжува кампањата на напади од далечина врз руската нафтена инфраструктура, што беше потврдено повторно во ноќта помеѓу 10 и 11 ноември со серија напади врз рафинерии и складишта за гориво на руска територија. Ваквите напади имаат за цел да ја намалат способноста на Русија да ги наполни своите единици со гориво и да го одржи логистичкото темпо на бојното поле.

На терен, според Институтот, украинските сили напредувале во близина на Сиверск, додека руските трупи оствариле ограничен напредок во близина на Покровск и Хуљајпоље. Аналитичарите истакнуваат дека руската стратегија сè повеќе се потпира на исцрпување на противникот и користење бројни пешадиски сили во напади со помал интензитет, што ги продолжува борбите и го зголемува бројот на жртви од двете страни.

„Руската команда продолжува да води војна на исцрпување, забавувајќи го темпото на офанзивата и зголемувајќи ги сопствените загуби, и покрај локалните тактички успеси“, заклучува Институтот во својот извештај.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Градоначалникот на Киев: Имаме огромен проблем со војниците

Објавено пред

Украина се соочува со критичен недостиг на војници, бидејќи рекорден број мажи ја напуштаат земјата и одат за Европа, предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју, пишува Политико.

dobivaj vesti na viber

„Имаме огромни проблеми со војниците – со човечките ресурси“, изјави Кличко за Axel Springer Global Reporters Network, признавајќи го данокот што речиси четиригодишната војна го нанесе врз способноста на Украина да ги пополни своите редови.

Руските сили, рече тој, неуморно напредуваат, опишувајќи ги нивните напади како „како компјутерска игра – тие само продолжуваат да доаѓаат, не им е гајле за паднатите војници“.

Кличко има предлог
Според сегашните правила, Украинците можат да бидат мобилизирани од 25 години, но Кличко верува дека ова треба да се промени. „Во минатото, 18-годишниците служеа во војска – но тие се деца“, рече тој. „Моментално во Украина можете да мобилизирате само од 25 години. Тоа би можело да се намали за една или две години – на 23 или 22 години.“

Овие изјави одразуваат растечка загриженост за масовното иселување на млади мажи од земјата. Владин декрет издаден во август со кој им се дозволува на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата се совпадна со нагло зголемување на бројот на Украинци кои бараат заштита во Европската Унија.

Најновите бројки покажуваат дека земјите од ЕУ одобриле повеќе од 79.000 барања за привремена заштита во септември, што е највисока месечна бројка за две години, со најголеми зголемувања регистрирани во Германија и Полска.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Објавено пред

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор за силување и сексуално напаѓање девојчиња што ги регрутирал преку „Снапчат“.

dobivaj vesti na viber

Пол Липскомб, 51, користел лажни профили за да ги намами жртвите, па дури и продавал видеа од злоупотреба на деца генерирани од вештачка интелигенција на веб-страница, објавува „Скај њуз“.

Мрежата на криминал почнала да се расплетува откако 15-годишно девојче, кое било пријавено како исчезнато, ѝ кажало на полицијата дека е силувано.

Обвинителката Фрида Хусеин КЦ изјави пред Крунскиот суд во Лестер дека Липскомб бил уапсен во април 2024 година под сомнение за киднапирање откако полицијата го запрела неговиот автомобил. Девојчето исчезнало од својот дом доцна во ноќта, а Липскомб ја зел и ја однел во хотел.

Полицијата подоцна го пронашла детето на изнајмена адреса, а при претресот на хотелот, автомобилот и неговиот дом биле откриени докази за сексуална злоупотреба, вклучувајќи меки играчки, средства за врзување, вотка и неколку мобилни телефони. „Тој обвинил други луѓе за сериозни кривични дела само за да ги прикрие сопствените злосторства“, нагласи обвинителот.

„Тој беше интелигентен, досетлив и добро организиран“
При изрекувањето на пресудата, судијата Кит Рејнор му се обрати на Липскомб, велејќи дека е „интелигентен, самоуверен, досетлив и добро организиран“ и дека неговите жртви се „вистински ранливи“.

„Доказите покажуваат дека сте биле лукави, интригантни и манипулативни. Бевте дрски во вашето криминално однесување и преземавте многу високи ризици. Сексуалната злоупотреба на млади девојки беше опсесија во вашиот живот“, рече судијата.

Тој се изјасни за виновен
Пол Липскомб се изјасни за виновен за 34 кривични дела и шест девојчиња на возраст од 12 до 15 години, извршени помеѓу септември 2023 и април 2024 година. Обвиненијата вклучуваат силување на дете под 13 години, 21 обвинение за сексуална активност со дете и правење и дистрибуција на непристојни фотографии од деца.

Тој беше осуден на 28 години и еден месец затвор. По неговото ослободување, тој ќе биде под надзор три години и ќе биде ставен во регистарот на сексуални престапници доживотно.

Полицијата се сомнева во нови жртви
Сепак, истрагата продолжува. Детективката Лорен Спејт од Единицата за истрага на злоупотреба на деца (CAIU) повика на претпазливост. „Нашата истрага за кривичните дела извршени од овој човек продолжува“, рече таа.

„Се сомневаме дека можеби бил во контакт со други девојки и можеби извршил сексуални престапи против други. Ги повикуваме сите што биле во контакт со него да не контактираат“, додаде Спејт.

Оженетиот Липскомб работел како специјалист за перформанси и ИТ во фондот на Универзитетските болници Ковентри и Ворикшир.

Болницата соопшти дека бил суспендиран веднаш по апсењето и отпуштен во јуни 2024 година.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија8 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија10 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија11 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија14 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура14 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија14 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет14 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија15 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет15 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет16 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа17 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет17 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет17 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија17 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ1 ден

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...