Економија
Самсунг во 2012-та ќе инвестира рекордни 41,4 милд долари
Јужнакорејската компанија „Samsung Group“ планира да инвестира во развојот на бизнисот во тековната година, рекордни 41,4 милијарди долари, и покрај песимистичките прогнози за глобалниот раст и расходите на компаниите за набавка на опрема .
Јужнакорејската компанија „Samsung Group“ планира да инвестира во развојот на бизнисот во тековната година, рекордни 41,4 милијарди долари, и покрај песимистичките прогнози за глобалниот раст и расходите на компаниите за набавка на опрема .Како што пишува во вторникот Reutеrs, средствата коишто компанијата планира да ги потроши за зајакнување на својата позиција, ќе бидат искористени за изградба на нови ограноци и фабрики, како за научни истражувања, така и за зделки за спојувања и аквизиции н адруги компании. На пример, 80 отсто од средствата се планирани да бидат доделени на „Samsung Electronics Co“., најголемиот производител на чипови, интегрирани кола и OLED-дисплеи, кои се користат во производството на различни апарати од електрониката, како што се смартфони и таблет компјутери. Добар дел од продукцијата на „Samsung“, на пример, ги користи американскиот гигант Apple.„Samsung има доволно големи резерви на капитал за да инвестира во нови технологии. Ниедна друга ИТ компанија не може да ја надмине според обемот на инвестициите, а Samsung продолжува да го зголемува тој јаз“, вели за агенцијата ЛиСин, аналитичар во компанијата „NH Investment & Securities“.Раководството на јужнокорејската групација, исто така, има намера во 2012 година да го зголеми бројот на вработените за уште 25 илјади работници до 376 илјади луѓе.Клучните конкуренти на „Samsung“, пак, ги разгледуваат нивните инвестициски планови во надолна линија, поради несигурноста на светските пазари. Така, според Reuters, компанијата LG планира да потроши три милијарди долари помалку отколку претходната година, при што не се соопштува точниот износ на инвестициите.Во 2011 година, „Samsung“ потроши 42,8 трилиони вони (37,3 милијарди долари), додека инвестициите на „Sony Corp“, „Toshiba Corp“, „Hitachi Ltd“ и „Sharp Corp.“ севкупно изнесуваа само 16,6 милијарди долари.Од порано беше познато за плановите на „Samsung Electronics Co.“ почнувајќи од 1997 година за издавање обврзници во странство во висина од милијарда долари за да се прошири производството на процесори кои се користат кај смарт телефоните. Обврзниците ќе бидат издадени од страна на американската подружница, а рокот на отплата може да изнесува пет години. Средствата ќе бидат искористени за зголемување на производството во фабриката во Остин, во американската сојузна држава Тексас, којашто компанијата почна да ја користи во нејзиниот полн капацитет во октомври 2011 година.Групацијата „Samsung“, е најголемата во Јужна Кореја и една од водечките светски индустриски групации, која дејствува во разни сектори, како што се електорнскиот, хемискиот, продажниот, во авио и бродоградежништвото и др. Повеќе од 70 отсто од продажбата се одвива преку „Samsung Electronics“, основана во 1938 година од страна на државата, којашто има окулу 280 илјади вработени./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

