Македонија
Нова кривична за Даравелски
МВР ќе поднесе нова кривична пријава против Драган Даравелски поранешен прв човрек на македонската Царина во владата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски кој моментно е во егзил во Србија.
Како што дознава „Форум“, кривичната пријава се однесува на уште четворица други вработени и раководни лица во угостителскиот комплекс „Бисерка“ од Куманово заради проневера на 20 милиони евра, пари во соспственост на акционерите, а дел и во сопственост на државата. Скопскиот суд во 2007г. го осуди Даравелски во отсуство на седум години затвор заради злоупотреба на службената должност. Во 2004г. Тој беше уапсен во Белград и беше притворен врз основа на потерница што ја имаа распишано македонските власти.По неполн месец беше ослободен заради српското државјанство.Даравелски, кој има српско државјанство, живее во Белград од 2003 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

