Македонија
Хелсиншки бара оставка од министерот Маневски
Хелсиншкиот комитет бара министерот за правда да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка поради евентуалните двојни примања,плата и пензија
Хелсиншкиот комитет бара министерот за правда Михајло Маневски да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка од функцијата, поради евентуалните двојни примања и плата и пензија.
„Воколку тој лично не ја чувствува потребата од овој императивен гест, тогаш Премиерот Никола Груевски треба да се лиши од неговите услуги“, соопшти Хелсиншки.
„Изјавата на самиот Маневски за овдешните медиуми по избивањето на скандалот во која тој признава дека зел и плата и пензија за јануари 2009 е сосема доволен доказ дека министерот за правда не го почитувал законот“, смета Комитетот.
Хелсиншкиот комитет смета дека треба да се поведе истрага која ќе ја испита законската одговорност не само на Маневски, туку и на сите оние кои се обидоа на различни начини да ја релативизираат неговата одговорност: вработени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (службеното лице кое само пред еден месец тврдеше дека Маневски во законскиот рок се откажал од користење на пензијата, авторите на писмото во кое се тврди дека Фондот згрешил…) и владините служби (кои министерот го одјавиле и пријавиле како вработен во министерството кое повеќе од две години го води на почетокот на мај)./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сонце, од утре снег
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од -7 до 1, а максималните од 1 до 9 степени целзиусови.
Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачно.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека денеска ќе има само преодно стабилизирање на времето.
„Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од север ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд. Особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка, а снег ќе има понекаде и во пониските места“, велат од УХМР
Македонија
Мицкоски-Куртулмуш: Интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој денеска престојува во официјална посета на земјава.
– Ги потврдивме одличните и пријателски односи со Турција. Ја истакнав заложбата да се интензивира економската и културна соработка, како и интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност, објави Мицкоски на Фејсбук.
Македонија
Тошковски за Денот на настава на турски јазик: Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес се обрати на свечената манифестација по повод 21 Декември – Ден на наставата на турски јазик во организација на Сојузот на турски невладини организации во Македонија. На настанот присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Нуман Куртулмуш.
Министерот Тошковски во своето обраќање истакна дека во богатиот спектар на ова наше македонско тло, на нашата убава Македонија, турската етничка заедница претставува врзовно ткиво, длабоко фундирано во културниот, историскиот и општествен развој на нашата држава.
„Таа позиција изградена со силната лојалност и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, заслужува највисок можен респект. Македонскиот и турскиот народ се два блиски народи кои соработуваат и се почитуваат на сите полиња, од културно до технолошко.
Оттаму, денешното наше заедничко чествување на Денот на настава на турски јазик, треба да се сфати како одбележување на датум што ја надминува сопствената симболика, како празник кој што безрезервно го заслужува пиететот, почитта и искреното уважување од сите наши граѓани.“, подвлече министерот Тоошковски.
Тошковски го честиташе денешниот празник, Денот на настава на турски јазик, со уверување дека исто како и нашите претходници и ние сегашните генерации ќе им оставиме на оние што ќе дојдат по нас наследство изградено од цврсто заедништво, меѓусебно почитување и партнерство, како темелни вредности на заедничкиот натамошен опстој.