Свет
Путин на CNN кај Лари Кинг
Владимир Путин ќе даде интервју во живо за амаериканската телевизиска мрежа CNN, кога ќе гостува во емисијата на еден од најславните тв-водители, потврдфи за Риа Новости во вторникот портпаролот на рускиот премиер Дмитриј Песков
„Интервјуто ќе се снима вечерва, и ќе биде прикажан во 5 часот наутро по московско време (3 часот по македонско) во ноќта меѓу 1-ви и 2-ри декември 2“, изјавил портпаролот Дмитриј Песков за агенцијата.Песков истакнува дека интервјуто ќе биде доволно големо, во траење од 40 минути, но неговата тема треба да се утврди. Лари Кинг, инаку, се прослави по непредвидливите и незгодни прашања што им ги поставуа на своите гости, без разлика на нивниот ранг.Лари Кинг го интервјуираше Владимир Путин во септември 2000 г. од кога остана запаметено неговото прашање за тоа што се случило со руската подморница „Курск“. Путин, кој тогаш беше руски претседател, лаконски одговори „Таа потона“.Инаку потонувањето на руската нуклеарна пдоморниц „Курск“ во чие потонување загинаа сите 118 членови на екипажот се уште е голема мистерија за јавнсота. Причините за трагедијата се движат од теоријата за судир со шпионска американска подморница која ги следела воените маневри во Баренциовото Море спроведувани од руската воена морнарица, до експлозија на вооружувањето. Руските власти беа обвинувани дека можеле да ги спасат најголемиот дел од морнараите, но дека предоцна ја прифатија британската помош за да однесат спасувачки екипи до остатоците на „Курск“.Легендарниот Лари Кинг претходно соопшти дека неговата емисија која со 25-те години контиунирано емитување влезе во Гинисовата книга на рекорди, ќе престане да се емитува оваа есен. Во текот на својата долга кариера, Лари Кинг има поминато повеќе од четириесет илјади интервјуа со филмски ѕвезди, политичари, бизнисмени и јавни личности. Тој е добитник на бројни телевизиски и новинарски награди, како што е Emmy, Peabody и Cable Ace.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Франција ги истражува поранешниот министер за култура и неговата ќерка за измама поврзана со Епштајн
Француските финансиски обвинители соопштија дека отвориле истрага против поранешниот министер за култура Џек Ланг и неговата ќерка Каролин Ланг под сомнение за „перење пари поврзано со сериозна даночна измама“ во случај поврзан со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија француските медиуми.
Се зголемува притисокот врз Ланг да поднесе оставка од функцијата претседател на Институтот за арапски свет во Париз, откако документите објавени од Министерството за правда на САД минатата недела покажаа дека Епштајн и Ланг повремено се допишувале помеѓу 2012 година и смртта на Епштајн во затвор во 2019 година.
Француските медиуми, вклучувајќи ги „Ле Монд“, „Ле Фигаро“ и „Медиапарт“, објавија дека прелиминарната истрага е отворена откако документите на Министерството за правда на САД открија години преписка и финансиски врски меѓу Ланг и Епштајн, вклучително и оние во странство.
Канцеларијата ја потврди истрагата, но не даде дополнителни детали.
Џек Ланг, кој негира какво било кривично дело, е повикан на сослушување од Министерството за надворешни работи, надзорниот орган на Институтот за арапски свет, културна и истражувачка институција која промовира разбирање на арапскиот свет.
„Џек Ланг беше државен министер, тој ќе донесе одлука со чиста совест“, изјави неговиот адвокат Лоран Мерле за француските медиуми, одговарајќи на повиците Ланг да ја напушти институцијата.
Името на Ланг се појавува повеќе од 600 пати во досиејата на Епштајн, според прегледот на документите од страна на Ројтерс.
Пред шест дена, ќерката на Ланг, Каролина, поднесе оставка од функцијата раководител на Францускиот синдикат на независни продукции откако се открија нејзините врски со Епштајн. Ланг вели дека тоа е неправда
„Џек Ланг верува дека презентирањето на фактите е многу неправедно, но тој е борец и ќе ги даде сите потребни објаснувања на неговото надзорно тело и на судовите за да докаже дека не бил вмешан во никакво недолично однесување или кривично дело што може да му се припише“, рече неговиот адвокат.
„Немаше трансфер на средства… Но, мислам дека е нормално судијата да сака да го испита тоа“, рече тој, додавајќи дека се надева оти обвинителот ќе дејствува брзо.
Објавувањето на документите ја интензивираше истрагата за глобалните врски на Епштајн со јавни личности, вклучувајќи го Британецот Ендрју Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот Чарлс, и Питер Манделсон, поранешниот британски амбасадор во Соединетите Држави.
Фото:ЕПА
Свет
Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина, но без учество на Киев. Тој тоа го изјави на брифинг за новинари вчера, во време на засилени дипломатски активности насочени кон завршување на војната, при што веќе следната недела се очекува можено продолжение на трилатералните преговори помеѓу Украина, САД и Русија, веројатно на американска територија, пишува „Киев индипендент“.
„Со оглед на потенцијалните ризици, украинската делегација го пренесе ставот дека, ако и дојде до билатерални договори меѓу Русија и САД, одредбите што се однесуваат на Украина не смеат да бидат во спротивност со нашиот устав“, рече Зеленски, алудирајќи на територијални прашања.
Тој нагласи дека Киев добива сигнали за можно потпишување на билатерални документи помеѓу Вашингтон и Москва, вклучувајќи ги и оние за економска соработка.
Зеленски додаде дека Украина нема целосен увид во сите можни деловни аранжмани, но дека некои детали протекле низ разузнавачките канали. Како пример тој го наведе таканаречениот „Дмитриев пакет“, кој во САД наводно го претставил рускиот преговарач Кирил Дмитриев.
„Разузнавачите ми го покажаа таканаречениот ‚Дмитриев пакет‘ претставен во САД – вреди околу 12 трилиони долари“, рече Зеленски, опишувајќи го како предлог за обемна економска соработка меѓу двете земји. Тој додаде дека Киев забележал и знаци дека потенцијалните американско-руски документи можат да содржат одредби кои се однесуваат на Украина.
„Јасно велиме дека Украина нема да поддржи никакви договори за нас без нас“, заклучи тој.
Свет
Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање
Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното депортирање во последните месеци било засновано на „лаги, измами и притисоци“, јавија американските медиуми . Со наредба е утврдено дека на депортираните семејства требало да им биде дозволено да останат во САД, согласно правен договор кој го регулирал одвојувањето на околу 6.000 деца од родителите на границата во 2018 година. Секоја мајка имала дозвола да остане во САД до 2027 година со хуманитарна виза.Судијката на американскиот окружен суд во Сан Диего, Дана Сабрау, наведе дека администрацијата на Доналд Трамп, исто така мора да ги плати трошоците за нивното враќање.
Една жена со три деца, вклучувајќи и шестгодишен американски државјанин, беше депортирана во Хондурас во јули, откако ѝ беше наредено да се пријавува најмалку 11 пати во Службата за имиграција и царина (ICE) за време на два месеца, поради што, како што рече, ја загубила работата.
Сабрау го одби аргументот на Владата дека семејството доброволно ги напуштило САД. Жената рече дека службениците на Службата ја посетиле дома и ѝ побарале да потпише документ со кој се согласува на заминување, но таа одбила.
Другите две семејства, идентификувани само со иницијали, биле депортирани под слични околности.
Во рамките на политиката на „нула толеранција“, родителите се разделувале од децата за да бидат кривично гонети кога нелегално ја преминуваат границата. Судијката Сабрау во јуни 2018 година нареди прекин на разделувањето, неколку дена откако Трамп сам го запре по силен меѓународен притисок. Договорот забранува применувањето таква политика до 2031 година.

