Свет
Романскиот претседател во ненајавена посета на Авганистан

Романскиот претседател, Трајан Басеску, денеска допатува во ненајавена посета на Авганистан, каде што ќе се сретне со романските војници што се дел од силите на НАТО во оваа земја, јави Франс Прес.Басеску е придружуван од министерот за одбрана, Габриел Опреа и американскиот амбасадор во Букурешт, Марк Гитенштајн.Посетата на Басеску е во пресрет на 1-ви декември, национален празник на Романија. /крај/фокус/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Оксфорд очекува наскоро податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот Оксфорд очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови до следната недела, изјави претставник на Универзитетот на виртуелен состанок со советодавниот панел на американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести (ЦДЦ).
„ Од средината на декември, британската варијанта стана доминантна и започна брзо да се шири. Нашата анализа на ефективноста против таа варијанта треба да биде готова до следната недела”, рече Ендру Олард, директор на Оксфордската акциска група и главен истражувач.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе биде многу штета ако Лондон го усвои советот да остане во програмата за вакцинација на ЕУ пред да смисли свој план, пренесува Ројтерс.
„ Мислам дека можевме да дејствуваме поинаку и во некои аспекти подобро“, рече Џонсон пред парламентот.
Свет
Руски политичар: Навални не е политички затвореник како што сака да се претстави

Алексеј Навални не е политички затвореник во Русија како што го претставуваат на Запад и како што тој сака да се претстави, изјави шефот на руската делегација на Парламентарното собрание при Советот на Европа, Петар Толстој.
Прашањето за труењето на рускиот блогер и опозиционер денеска е на дневен ред на Парламентарното собрание при Советот на Европа, пренесе „Спутник“.
Толстој ги потсети своите европски колеги дека Навални не ги исполнил обврските што ги имал како некој кому му била изречена условна казна и дека бил уапсен за тоа. Тој додаде дека Русија вложила големи напори да ги разјасни околностите за тоа што му се случи на Навални во авионот.
„Подготвени сме да соработуваме со вас, но потпирајќи се на факти, а не на пропагандни клишеа и извици, што, за жал, можеме да ги слушнеме во салата денес за време на сесијата“, рече Толстој.
Навални се врати од лекувањето од Германија во Русија. Тој беше уапсен на аеродромот „Шереметјево“ во Москва бидејќи како условно осуден не се пријавил во руската полиција. Му беше одреден притвор во траење од 30 дена, каде што ќе чека рочиште, на кое ќе се одлучи дали условната казна ќе биде заменета со затвор. Рочиштето е закажано за 29 јануари.
Во меѓувреме, неговите приврзаници организираа нелегитимни протести во Русија.
Руското Министерство за надворешни работи претходно ги советуваше странските политичари кои ја коментираа ситуацијата со Навални да го почитуваат меѓународното право и да ги решаваат проблемите во нивните земји, а министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, неодамна изјави дека се копираат изјавите на западните политичари на оваа тема.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, истакна дека Кремљ нема намера да ги слуша изјавите од странство за Навални.
Свет
Путин: Може да се соочиме со борба сите против сите

Постои можност да се соочиме со колапс на светскиот развој и борба на сите против сите, изјави рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Давос.
„Ситуацијата може да се развие непредвидливо и неконтролирано, доколку, се разбира, ништо не се стори за да се спречи тоа да се случи. Покрај тоа, постои можност да се соочиме со вистински колапс во развојот на светот што може да доведе до тоа секој да се бори против секого“, рече руски лидер.
Според него, глобалниот безбедносен систем во моментот се деградира – регионалните конфликти се размножуваат во светот, а меѓународните институции слабеат.
„Како што е познато, неможноста и неподготвеноста суштински да се решат ваквите проблеми во 20 век резултираа со катастрофа во Втората светска војна“, додаде Путин.
Сепак, претседателот се надева дека конфликт како Втората светска војна не е можен во сегашните услови.
„Се разбира, сега таков глобален конфликт, се надевам, во суштина не е можен. Навистина се надевам дека е така. Тоа би значело крај на цивилизацијата“, прецизира Путин.
Тој исто така рече дека се зголемува степенот на агресивна реторика во надворешната политика на одредени земји.
„ Може да се очекува дека природата на практичните активности ќе стане поагресивна“, изјави рускиот претседател.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот