Свет
Меркел по Русија, во посета на Кина
Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска попладне се очекува да допатува во посета на престолнината на Кина, Пекинг.
Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска попладне се очекува да допатува во посета на престолнината на Кина, Пекинг.За време на посетата, како што пренесуваат агенциите, се очекува да има „интензивни разговори“ со премиерот Вен Хиабао и претседателот на Кина, Ху Хиантао, за прашања што ги вклучуваат економските односи и климатските промени.„Кина е значаен економски партнер, а Германија и Кина имаат многу блиски односи“, изјави Меркел, додавајќи дека Кина исто така е доверлив преговарачки партнер за секој иден договор за климатските промени.Меркел се враќа во Берлин преку Казахстан, каде се очекува да се сретне со премиерот Карим Масимов и да присуствува на германско-казахстанскиот економски форум. Делегацијата ќе се сретне и со германското малцинство во Казахстан.Казахстан моментално претседава со Организацијата за сигурност и соработка во Европа (OSCE)./крај/хина/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски на важен состанок во Европа: „За 11 дена започнува ново поглавје“
На нивниот последен состанок пред Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, претставниците на земјите што ја поддржуваат Украина во американската воена база во Рамштајн, Германија, денеска ветија 500 милиони долари помош за Киев.
„Војната на Украина против окупаторските руски сили не засега сите нас“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на состанокот. Тој рече дека задача на целата меѓународна заедница е да ги „запре автократите во нивните империјални амбиции“.
За Остин, кој го иницираше овој формат веднаш по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ова е негово последно учество на состанокот пред администрацијата на Доналд Трамп да ја преземе функцијата во САД на 20 јануари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека транзицијата на власта во Вашингтон, со оглед на тоа што се уште не е познато дали САД ќе продолжат да и помагаат на Украина под претседателот Трамп, ќе означи „ново поглавје“.
„Апсолутно е јасно дека за Европа и за целиот свет за 11 дена започнува нов период во кој ќе треба уште повеќе да соработуваме“, рече Зеленски на состанокот во Рамштајн. Тој рече дека целта на меѓународната заедница мора да продолжи за да се најдат „што е можно повеќе инструменти“ за да се принуди Русија да постигне мир.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус му се заблагодари на Остин за досегашната координација на помошта за Украина и рече дека е неопходно да се продолжи т.н. Рамштајн формат, заклучувајќи дека резултатите од овој формат се „инспирација да се продолжи со истиот интензитет“.
Писториус вети дека ќе испорача ракети земја-воздух во Украина.
„Украина сè уште може да се потпре на Германија“, рече Писториус, кој со оглед на тоа што во Германија се одржуваат парламентарни избори на крајот на февруари, може да биде и неговото последно учество на состанок од ваков формат.
Регион
13-та жртва на масакрот во Цетиње: во болница во Подгорица денеска почина еден од ранетите на 1 јануари
Дејан Кокотовиќ почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица од тешките повреди со кои се здоби на 1 јануари при пукање во кафулето Велестово во центарот на Цетиње, пишува црногорски „Вијести“. Ова е 13-та жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ.
Во нападот Кокотовиќ бил ранет во пределот на стомакот, градниот кош и главата. Истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар. Тој изминатава недела се бореше за живот, но на крајот напорите на лекарите се покажаа залудни.
Убиецот Ацо Мартиновиќ починал при транспорт во Клиничкиот центар на Црна Гора откако си пукал во глава.
Свет
Канадскиот министер за енергија го предупреди Трамп на трговска војна за нафтата
Канадскиот министер за енергија Џонатан Вилкинсон денеска ги отфрли тврдењата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека на САД не им треба ништо од Канада и предупреди на потенцијални одмазднички трговски мерки од Отава, вклучително и извозни даноци на нафта.
Одговарајќи на изјавите на Трамп дека постои можност за зголемување на царините до 25 отсто, Вилкинсон рече дека САД немаат лесно достапна алтернатива за канадската сурова нафта, ураниум, поташа и други критични минерали, пишува „Блумберг“.
„Поголемиот дел од суровата нафта произведена во САД е лесно слатко масло. Рафинериите во средниот запад (САД) се формирани за тешка сурова нафта и немаат алтернатива за користење на канадските ресурси – тоа не е економично. Дури и алтернативата што постои за некои од заливските рафинерии за тешка нафта е Венецуела“, заклучи Вилкинсон, еден од кандидатите да го замени премиерот во заминување, Џастин Трудо.