Контакт

Свет

Кривата кула во Пиза веќе не е толку крива

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

По десет години интензивна реставрација на познатата крива кула во Пиза која главно е завршена и засега, како што велат надлежните, е помалку крива, но поубава и постабилна од претходно. Едно од најпопуларните обележја на Италија, камбаната на кулата во Пиза сега е безбедно, но и многу почисто и убаво по долгото обновување.Објектот првпат од 1990 до 2001 година бил затворен за јавност и во тој период малку исправен па сега неговиот степен на навалување е намален од 5,5 степени на 3,9 степени.Реставраторите користеле длето и ласерска технологија за отстранување на нечистотијата од повеќе од 24.000 камени блокови на кулата.Бидејќи реставрацијата е завршена, скелето кое го опкружувало горниот дел на кулата ќе биде отстрането следната година.„Кулата беше на работ да се урне, но ние успеавме да го спречиме нејзиното накривување и ја направивме безбедна за следните 200 години“, изјавил Џузепе Бентивољо од организацијата „Опера Примазиале“ која се занимава со заштита на кривата кула./крај/блиц/пк.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Одбивме непријателски дронови упатени кон Москва, соопшти градоначалникот

Објавено пред

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни летала кои се упатиле кон руската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Собјанин на Телеграм напиша дека единиците за противвоздушна одбрана југоисточно од главниот град во областите Коломна и Раменскоје одбиле група непријателски беспилотни летала, без да прецизира за колкумина станува збор.

„Нема штета или жртви на местото каде што паднаа фрагментите. Специјални тимови за итни случаи се на лице место“, напиша Собјанин на апликацијата за пораки.

Градоначалникот за краток период даде уште две најави. Тој рече дека два беспилотни летала, исто така, насочени кон Москва, биле соборени во областа Подолск, јужно од главниот град. Тој потоа пријавил соборување на дрон во областа Троицк, југозападно од главниот град.

Специјализирани тимови за итни случаи се испратени на сите локации, рече Собјанин.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека уништило 49 украински беспилотни летала во период од три часа доцна навечер во четвртокот, од кои повеќето биле над регионот Курск во близина на украинската граница.

Министерството во извештајот на Телеграм соопшти дека 37 беспилотни летала биле уништени само во регионот Курск, каде што украинските сили држат дел од територијата по големиот упад во август минатата година.

Во соопштението на министерството се наведува дека беспилотните летала се уништени и над пограничните региони Брајанск и Белгород и полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.

Но, на социјалните мрежи се шират видеа од густ црн чад и огромен пожар од рускиот град Рјазан на западот на земјата, на околу двесте километри од Москва. Се чини дека некои од нападите со украински беспилотни летала навистина погодија цел, имено нафтена рафинерија Роснефт.

Едно видео покажува огромна огнена топка која се издигнува над рафинеријата и луѓето во близина бегаат.

Шефот на украинскиот центар за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана, Андреј Коваленко, изјави дека рафинеријата за нафта Рјазан е еден од клучните капацитети во руската нафтена индустрија, иако е под санкции.

„Рафинеријата игра важна улога во снабдувањето со гориво на цивилниот и воено-индустрискиот комплекс на Русија“, рече тој на Телеграм.

„Произведува гориво за воена опрема, авијациски керозин, дизел гориво и други видови нафтени деривати кои се користат во тенкови, авиони, бродови и друга опрема на руските вооружени сили.

Нападот доаѓа во време на пораст на операциите на украинските беспилотни летала насочени кон руската енергетска инфраструктура. Украина ја таргетира руската инфраструктура за фосилни горива како дел од нејзината стратегија да го поткопа клучниот извор на финансирање на руските воени напори.

Прикажи повеќе...

Свет

Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“

Објавено пред

Американскиот бизнисмен Френк Мек корт е отворен за здружување со други купувачи во обид да ги преземе операциите во САД на кинеската „Тик-ток“, зделка што се проценува на 20 милијарди долари, со единствениот услов да има контрола над него, изјави тој за Ројтерс на маргините на Светскиот економски форум.

dobivaj vesti na viber

Милијардерот одби да даде детали за неговите извори на финансирање.

„Прашањето тука не е капитал. Станува збор за чекање (сопственикот) „Бајт денс“ или кинеската влада да донесат одлука за иднината на мрежата“, рече Мек курт.

Неговата понуда дојде веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за популарната апликација за кратко видео во кинеска сопственост за 75 дена.

Трамп, исто така, оваа недела рече дека „би сакал Соединетите држави да имаат 50 отсто сопственички удел во заедничко вложување“ во „Тик-ток“.

Лобирачката група на Мек курт, „Проџект Либерти“, поднесе понуда за купување на „Тик-ток“ на почетокот на јануари, со планови да им се овозможи на корисниците да изберат како ќе се користат и споделуваат нивните податоци. „Тик-ток“ поднесе тужба за блокирање на забраната за неговото работење во САД, но Врховниот суд на САД ја потврди со одлука минатата недела.

Можноста за стекнување сопственост на една од најпознатите светски платформи за споделување видео, или барем нејзината публика во САД, привлече долга листа на луѓе и правни лица од светот на финансиите, технологијата и забавата.

Многумина во орбитата на Трамп или со блиски врски со американскиот претседател беа заинтересирани за „Тик-ток“ откако забраната од САД стана можност под администрацијата на претседателот Џо Бајден. Поранешниот министер за финансии Стивен Мнучин во март изјави дека формира конзорциум од инвеститори за купување на „Тик-ток“.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Франција ја подготвува војската за судир со Русија

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон ја подготвува својата војска за судир со Русија, пренесува агенцијата „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

На брифингот во Москва, Захарова го коментираше неодамнешното обраќање на Макрон до вооружените сили, каде што рече дека безбедносната линија на Франција оди „преку границите во Европа и Украина“.

„Прашувате какви цели има Емануел Макрон… Јасно е дека Париз се подготвува за понатамошно соочување со нашата земја“, нагласи Захарова.

„Таа посочи дека Франција со години ги зајакнува своите воени капацитети и дека во 2022 година Макрон ја објави својата намера да ги подготви вооружените сили за „војување со висок интензитет“ и да ја префрли економијата на „воена основа“. По ова, додаде таа, следеше нов закон за воено планирање, кој го удвојува францускиот буџет за одбрана.

Захарова рече дека развојот на напредно оружје е во тек, а многу од оружјата се тестираат во Украина, што таа го опиша како „тест за хибридната војна на Западот против Русија“.

Таа го критикуваше недостатокот на мировни иницијативи од Франција, велејќи дека тоа е дополнителен доказ за „воинствените намери“ на Франција.

Тврди дека француската младина се подготвува за конфликт со Русија под превезот на доброволни мерки.

Во оваа смисла, тој прави споредба со Украина, предупредувајќи дека таквите мерки на крајот би можеле да станат задолжителни.

Захарова, исто така, рече дека Макрон не ја претставува само Франција, туку и т.н. „работна партија“ во НАТО, чија цел е да го продолжи украинскиот конфликт и да ги негира легитимните безбедносни интереси на Русија.

Захарова се осврна и на изјавите на француските власти за потенцијалното распоредување на трупите на НАТО во Украина, било како инструктори, воен персонал или под маската на мировните сили.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

(Видео) Одбивме непријателски дронови упатени кон Москва, соопшти градоначалникот

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни...

Свет12 часа

Tрамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини

Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност...

Спорт14 часа

Македонија силна против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го...

Топ15 часа

Почина тримесечно бебе во Скопје

Вчера во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето...

Македонија17 часа

Рокас од Куманово ја поздрави размената на честитки за новата влада во Бугарија и нагласи дека е фокусиран на реформите што се бараат од нас

Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека...

Македонија18 часа

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“....

Топ18 часа

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на...

Македонија19 часа

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не...

Македонија19 часа

(Видео) Надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, а пациентите на Онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија, велат од СДСМ

„Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Клиниката за онкологија седум дена се без потребната биолошка...

Македонија22 часа

Резил е што СДС е против купување нов државен авион по еден погинат претседател и еден врз кој е извршен атентат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е...

Македонија22 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде биле измерени -6 степени, -4 било на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп и...

Македонија22 часа

ДУИ: Невиден и нечовечки говор на пратеникот од „Влен“ во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот Ахмети

ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од „невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива...

Свет23 часа

(Видео) Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Калифорнија, наредена е евакуација: „Изгледаше како да возиме во пеколот“

Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Јужна Калифорнија, каде што илјадници жители добија наредба да се...

Европа23 часа

Писториус: Русија може да ги нападне членките на НАТО во рок од пет години

Борис Писториус предупреди на теоретска закана од руски напад врз земјите на НАТО во 2029/2030 година. Според него, дотогаш Русија...

Свет24 часа

Јужнокорејските истражители бараат од обвинителите да го обвинат Јун за бунт

Антикорупциската агенција на Јужна Кореја побара од обвинителите во вторникот да го обвинат претседателот Јун Сук-Јол за бунт и злоупотреба...

Свет1 ден

Трагедија во Индија: скокнале од воз поради шпекулации за пожар, а друг воз ги прегазил, 13 мртви

Најмалку 13 лица загинаа од удар на воз во западна Индија кога патниците скокнале од друг на соседната пруга, бидејќи...

Свет1 ден

Америка испраќа дополнителни 1.500 војници на јужната граница

Американската војска се подготвува да испрати приближно 1.500 дополнителни војници на границата со Мексико, изјави американски официјален претставник само два...

Топ1 ден

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет2 дена

Туск повика на вооружување на Европа: „Времето на удобност заврши“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека „времето на удобност е завршено“ за Европската унија и повика на значително повисоки распределби...

Македонија2 дена

Тошковски: Неоспорно е дека полицаецот не погледнува во мониторот и му дозволува на Груби да излезе, се води постапка дали има други вмешани

Бегалецот Артан Груби, поранешен министер и вицепремиер, сè уште не е достапен за македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Панче...