Економија
Македонската Агенција за катастар наградена од Светската банка

Македонската Агенција за катастар на недвижности е еден од дванаесетте победници на натпреварот „Подобрување на животот на луѓето во Европа и Централна Азија“ поддржан од Светска банка.
Македонската Агенција за катастар на недвижности е еден од дванаесетте победници на натпреварот „Подобрување на животот на луѓето во Европа и Централна Азија“ поддржан од Светска банка.
Претставникот на Светска банка во Република Македонија Маркус Репник на денешната прес-конференција истакна дека клучните придобивки од проектот се 98-процентна покриеност од територијата на државата со катастарска евиденција, двојно зголемен број на трансакции на недвижности, нивно запишување за само пет дена, а не за 60 како досега, и 70 отсто намалени цени на катастарските услуги.
„До пред пет години покриеноста на Македонија со катастарска евиденција изнесуваше 43 отсто, сега е 98, а до крајот на годината се очекува да достигне 100 проценти“ рече Репник.
Министерот за финансии Зоран Ставрески посочи дека со ова се потврдува дека реформите се исплатат и дека ако се прават на конзистентнен и вистински начин, можат да дадат резултати и во рок од три до четири години да се постигне трансформација на институциите и да се зголеми нивна ефикасност.
Тој најави дека Светската банка ќе даде нова подршка во вредност од девет милиони евра за натамошна модернизација на катастарот.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека до пред три години во Катастарот се запишувале по 300.000 предмети од кои заостанати биле околу 10 отсто, а сега овој број изнесува 650.000 со заостанатост од 0,5 отсто.
На годинашниот натпревар на Светска банка учествувале 282 проекта од околу 30 земји.
При изборот на најдобрите, како што рече Репник, се следеле два основни критериума – конкретни резултати и иновација. Македонскиот Проект е единствен победнички од Западен Балкан. /крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.