Спорт
„Старата дама“ гостува кај Парма
Вонредното, 21. коло во италијанската Серија А, во кое дербито ќе се игра во Рим, каде Лацио ќе го пречека Милан, ќе биде одиграно во следните три дена.
Вонредното, 21. коло во италијанската Серија А, во кое дербито ќе се игра во Рим, каде Лацио ќе го пречека Милан, ќе биде одиграно во следните три дена. Лацио, во новата година игра доста променливо, но римјаните пред дербито направија добра увертира со викенд победата во Верона, против Киево. Милан, кој е актуелен првак на Италија, на „Олимпико“ ќе се обиде да забележи нова победа со која би останал во трка за титулата. Колото, во Серија А, вечерва ќе го отворат Парма и лидерот во првенството Јувентус. Интер кој запиша порази на последните две средби, рехабилитација ќе бара против Палермо, додека Удинезе, по поразот од Јувентус, нова победа ќе брка против Лече, екипа која во минатото коло го победи Интер. Горан Пандев со Наполи, во ова коло ќе ја пречека Чезена. Вторник, 31. јануари:Парма-ЈувентусСреда, 1. февруариНаполи-ЧезенаИнтер-ПалермоКаљари-РомаЛацио-МиланУдинезе-ЛечеБолоља-ФиорентинаСиена-катанијаАталанта-ЏеноваЧетврток, 2. февруариНовара-КиевоТабела: Јувентус 44, Милан 43, Удинезе 38, Лацио 36, Интер 35… крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Болоња ја изненади Аталанта во Бергамо и се пласира во полуфиналето
Фудбалерите на Болоња се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија со победата од 1:0 (0:0) над Аталанта во Бергамо.
Иако се работи за две екипи кои учествуваа во Лигата на шампионите, овој исход е изненадување, со оглед на формата, па дури и квалитетот што го покажаа оваа сезона.
Болоња ги издржа сите напади на „божицата“ и во 80. минута ја шокираше и ја елиминира од натпреварувањето.
Тогаш голот со кој Болоња се пласираше во полуфиналето го постигна Сантијаго Кастро, Аргентинецот погоди по центаршутот на Ликојанис од слободен удар.
Болоња во полуфиналето ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Јувентус и Емполи.
Другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелите Милан – Рома и Лацио – Интер.
Спорт
Дончиќ за трејдот: Мислев дека е 1.април
Лука Дончиќ и официјално е претставен како нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во неделата, се случи трејдот кој го шокира кошаркарскиот свет, Добнчиќ се пресели во Лејкерси и Ентони Дејвис во Далас.
Лос Анџелес Лејкерс го претставија како нов играч и веднаш беше прашан дали знаел за трејдот и како ќе ги коментира приказните дека не сакал да прифати договор од Далас во 2026 година.
„Тоа е нивна одлука и немам коментар за тоа. Не знам што направија. Апсолутно ниту една приказна дека нема да го прифатам договорот не е вистинита“, изјави Дончиќ.
Дали има што да докажува?
„Да. Ја сакам титулата. Не доаѓате овде за ништо друго. Имам се да покажам и докажам и ја сакам титулата”, рекол Лука.
Пред неколку години во подкаст рече дека би сакал да си игра со Леброн, а сега ќе игра со него, а тренер ќе му биде Џеј Џеј Редик, авторот на тој подкаст.
„Остварен сон. Отсекогаш му се восхитував на Леброн и има многу што можам да научам од него… Мислам дека двајцата ќе ги подобриме нашите соиграчи, ќе им помогнеме на сите затоа што сме исклучително интелигентни кошаркари. Возбуден сум што ќе работиме заедно и ќе се подобруваме секој ден“.
Мислеше дека цела кариера ќе ја игра во Далас, но …
„Искрено, на почетокот беше тешко, се чувствував како да помина еден месец иако поминаа само два. Беше многу емотивно и тешко, а денес е многу подобро и среќен сум што сум тука. Ова се Лејкерс. Еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката“, рече Словенецот и дополни.
„Сите беа изненадени, а можете да замислите колку јас бев изненаден. Кога се разбудив не можев да верувам и мислев дека е 1. април. Ова се тешки моменти за мене, но имам можност да играм за најголемиот клуб во светот и мислам дека ова е одлична можност за мене“.
Леброн го сака Дончиќ, што е исто така важно, а што му кажа?
„Веднаш ми се јави. Беше во Њујорк и не разговаравме многу бидејќи ми рекоа дека знае како се чувствувам и ми беше убаво што веднаш ми се јави и ми посака добредојде во Лос Анџелес“, вели Дончиќ.
Спорт
Симона Халеп замина во пензија
Романската тенисерка Симона Халеп одлучи да се повлече од професионалниот тенис.
Девојката од Констанца е двократна Грен слем шампионка, го Ролан Гарос во 2018 година и Вимблдон во 2019 година.
Во тој период таа беше најдобрата тенисерка на светот, првопласирана на ВТА листата.
Таа беше во центарот на допинг скандал кога беше суспендирана, по што следеше и нејзиниотпад.
Во моментот кога го објави своето пензионирање, таа се наоѓа на 868. место на ВТА ранг-листата.
Неодамна во интервју за романски „Golazo.ro“ најави повлекување поради тешка повреда на коленото.