Македонија
Шврговски: Обвинителките да завршат со “Пајажина” па ќе продолжат со “Надеж”

„Колешките што го работат случајот “Надеж” се зафатени со предметот “Пајажина” и заради тоа е пролонгиран рокот за одлука по тој предмет”, изјави денес обвинителот Љупчо Шврговски.
„Колешките што го работат случајот “Надеж” се зафатени со предметот “Пајажина” и заради тоа е пролонгиран рокот за одлука по тој предмет”, изјави денес обвинителот Љупчо Шврговски. Тој кажа дека наскоро обвинителството ќе се произнесе и за хашките предмети, и тоа за Даут Реџепи Лека за кој наскоро ќе се донесе одлука. Другите два се во судска процедура од кои “Липково” е во фаза на истрага, а “Мавровски работници” е со обвинение пред надлежен суд.“Обвинение за случајот “Пајажина” се уште нема”, изјави обвинителот Шврговски. На тврдењата на адвокатите од овој случај дека обвинението е пишувано во Охрид кажа дека тоа се чисти шпекулации и невистини. „Обвинение се пишува во просториите на обвинителството“, рече тој. „Предметот се уште е во фаза на истрага, а кога ќе заврши тогаш ќе биде препратено до обвинителството. Истрагата не зависи од нас туку од тоа дали се преземени сите истражни дејствија што ги побарал обвинителот”, појасни Шврговски. Обвинителот Шврговски денес беше на седница на Советот на јавни обвинители каде беа избрани повеќе обвинители во неколку градови во државата. Двајца од новите обвинители се од редот на кандидатите на Академијата за судии и обвинители. Шврговски кажа дека на денешната седница не се разговарало околу одговорноста на обвинителката Гордана Гешкоска за која и тој кажа дека имала пропусти во работата. крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.