Македонија
Ортопедите и Владата ги продолжуваат преговорите

Координативното тело на Клиниката за ортопедски болести, ќе продолжи да бара решение со Владата за спорот околу интегрирањето на Универзитетската клиника за ортопедски болести во нова единствена здравствена установа.
Координативното тело на Клиниката за ортопедски болести, ќе продолжи да бара решение со Владата за спорот околу интегрирањето на Универзитетската клиника за ортопедски болести во нова единствена здравствена установа.
„Не станува збор за формирање на нов Национален трауматолошки ургентен центар туку се работи за спојување на клиниките за трауматологија, за ортопедски болести, КАРИЛ и Ургентниот центар во една ЈЗУ со што тие се бришат од регистар. Тоа за нас е апсолутно не прифатливо и затоа ги изнесовме нашите ставови зошто не се согласуваме да се интегрираме.Co заменик министерот за здравство се согласивме дека дијалогот треба да продолжи и дека тој ќе се заложи за наш прием кај министерот за здравство и Премиерот.“ рече Тодор Ношпал од Координативното тело.
Тој додаде дека не е против здружување на хируршките клиники но дека името на Клиниката за ортопедски болести не смее да се смени бидејќи тоа ќе има, како што рече, далекусежни последици.
За претседателот на невладината „МАДОТ “, Златко Темелковски ,овој концепт на четири клиники не може да ги задоволи светските стандарди на траума центар.
„Сето ова може да генерира поголеми трошоци во однос на лекувањето на пациентите и нема да го даде очекуваниот ефект како во спроведувањето на здравствените услуги што отсекогаш биле приоритет на ортопедијата.“, рече Темелковски.
Заменик министерот за здравство Владимир Поповски, на денешната средба со ортопедите, им ги образложил целите на формирањето на новата клиника .
Според него, тоа се унапредување на ефикасноста и квалитетот во функционирањето, кои според одлуката треба да се постигнат со промена во начинот на менаџирањето.
Универзитетска клиника за ортопедски болести во Скопје, формирана во 1958 година како единствена од својата област во медицината која врши конзервативно и оперативно лекување на ортопедските пациенти и едукација на докторски и средномедицински кадар./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.