Свет
Нови 16 жртви во пресметка меѓу трговците со дрога во Мексико
Во различни делови на државата Тамаулипас, во северниот дел на Мексико, за време на викендот се откриени 16 тела, со што бројот на пронајдените жртви на насилство поврзанo со дрога се зголеми на 88 за само една недела, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.
Во различни делови на државата Тамаулипас, во северниот дел на Мексико, за време на викендот се откриени 16 тела, со што бројот на пронајдените жртви на насилство поврзанo со дрога се зголеми на 88 за само една недела, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека 16-те тела се пронајдени во четири заеднички гробници во околината на Сан Фернандо, пренесува АФП.
Во Мексико делуваат седум главни наркобанди, кои се судираат меѓу себе, но и со воено-безбедносните сили, што резултираше со бројни жртви.
Од декември 2006 година во вакви судири регистрирани се повеќе од 34.600 мртви, а повеќе од 5.000 се водат како исчезнати, од кои повеќето, како што се претпоставува биле жртви на насилство поврзано со дрога, наведува Комисијата за човекови права.
Мексиканскиот претседател, Фелипе Калдерон пред пет години ја вклучи и војската во акцијата за сузбивање на наркокартелите, но до денеска не успеа да го запре насилството во земјата./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ураганот предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати
Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните сојузни држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија, предизвика огромни материјални штети и според последните податоци однесе најмалку 90 животи.
Жителите на југоисточните американски држави почнаа со чистење и поправка вчера, откако ветерот на ураганот Хелен, силниот дожд и невремето предизвикаа катастрофални поплави во шест држави од Флорида до Вирџинија, оставајќи милиони луѓе без струја, уништени домови, патишта и мостови.
Најмалку 90 луѓе ги загубија животите во невремето, пресмета Ројтерс, врз основа на податоците на локалните власти во Јужна и Северна Каролина, Флорида, Џорџија, Вирџинија и Тенеси. Си-ен-ен, пак, јавува за вкупно 93 загинати лица.
Според последните податоци, најмногу луѓе, од кои 36, настрадале во Северна Каролина. Јужна Каролина пријавила 25 смртни случаи, Џорџија 17, а Флорида 11. Вирџинија пријавила два смртни случаи, како и Тенеси.
Се стравува дека бројот на загинати може да биде поголем. Осигурителните компании проценуваат дека штетата предизвикана од ураганот Хелен би можела да изнесува меѓу 15 и повеќе од 100 милијарди долари.
Свет
Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама
На француската политичарка и екстремно десничарка Марин Ле Пен, заедно со уште 26 лица, ќе и се суди под обвинение за финансиска измама, која наводно траела од 2004 до 2016 година.
Според обвинителството, Марин Ле Пен и нејзините колеги од партиите Национален фронт и Национален собир користеле пари наменети за плаќање помошници на претставниците во Европскиот парламент за да им платат на луѓето кои работеле за партијата во Франција.
Поранешниот кандидат за претседател на Франција демантираше се. Според неа, станува збор за „политички прогон“, додека од Европскиот парламент велат дека се оштетени финансиски, но и дека им е уништен угледот.
Доколку биде прогласена за виновна, максималната казна за овие кривични дела е 10 години зад решетки. Сепак, поголем проблем за Марин Ле Пен е фактот што може да биде осудена и на долгорочна забрана за политичка активност.
Ле Пен особено сака да го избегне овој дел од реченицата, бидејќи според сегашните анкети, веројатно има најголеми шанси да стане шефица на Франција на изборите што ќе се одржат во 2027 година, имајќи предвид дека сегашните анкети велат дека таа има поддршката на 40 отсто од граѓаните на оваа земја.
Се очекува дека Ле Пен ќе се обиде да направи политичко прашање од нејзиното судење, по примерот на Доналд Трамп и дека нејзината популарност ќе се зголеми доколку биде осудена. Не се знае кога ќе заврши судењето.
Свет
Зеленски: Никој не знае што му е на ум на Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не е прв пат рускиот лидер Владимир Путин да му се заканува на светот со можна употреба на нуклеарно оружје и дека „никој не знае што му е на ум“.
„Никој не знае што навистина има Путин на ум. Тој може да користи нуклеарно оружје во која било земја, во секое време, или не. Не сум сигурен дека ќе го стори тоа“, рече Зеленски во интервју за Фокс њуз.
Тој нагласи дека не може точно да знае кои се намерите на рускиот претседател.