Свет
Груевски ги плаќа советниците по 28 илјади месечно
Груевски ги плаќа советниците по 28 илјади денари месечно, соопшти вчера
канцеларијата на претседателот на Владата. Информацијата од канцеларијата доаѓа
откако "Вест" во саботата објави дека хонорарите на советниците на
премиерот Владо Поповски, Бранислав Саркањац, Сенко Велинов и Љупчо Ефремов се
тајна.
ТРАНСПАРЕНТНОСТ КОГА МОРА
Груевски ги плаќа советниците по 28 илјади денари месечно, соопшти вчера
канцеларијата на претседателот на Владата. Информацијата од канцеларијата доаѓа
откако "Вест" во саботата објави дека хонорарите на советниците на
премиерот Владо Поповски, Бранислав Саркањац, Сенко Велинов и Љупчо Ефремов се
тајна.
"Вест" два месеца чекаше одговор од кабинетот на премиерот на
прашањето колку советници има Никола Груевски и колку ги плаќа. Во петокот
портпаролот на Владата Ивица Боцевски конечно го достави одговорот по и-мејл,
но без износот на надоместот кој им се плаќа на советниците. "Сумите за
ангажманнот на четворицата советници не сакаме да ги коментираме", изјави
тогаш Боцевски.
"За разлика од минатите премиери од периодот од 2002 до 2006 година, кои
на чуден начин ангажирале советници кои не доставувале извештаи за сработеното,
што е една од крупните забелешки во ревизорските извештаи за работата на
минатите премиери, оваа влада, односно премиерот Никола Груевски од советниците
што ги има ангажирано добива редовни месечни извештаи за нивните ангажмани и
работење", се вели во вчерашното соопштение од канцеларијата на
претседателот на Владата.
Поради вака воспоставената пракса, и единствениот странски советник на
премиерот Тео Вајгел, кој инаку се плаќа по конкретна реализирана задача,
испратил обемен извештај за неговиот ангажман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја
Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен напад, оставајќи многу населби без електрична енергија.
Нападите ги исклучија електраните Зуивска и Старобешево, а тимови за итни случаи беа распоредени за да ја санираат штетата.
Само еден ден претходно, Пушилин рече дека украинските напади со беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на регионот оставиле околу 500.000 луѓе без електрична енергија.
Украинската страна не го потврди нападот. Во последните недели, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала со долг дострел врз енергетската инфраструктура во делови од Донецк контролирани од Русија, со цел да се поткопа способноста на Русија да ја продолжи војната.
фото: принтскрин
Регион
Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува
Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.
Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.
Засега нема опасност од уривање, додаде тој. „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој.
фото: принтскрин
Регион
Хрватски министер за пожарот во облакодерот: „Не знаеме која е причината“
Во близина на облакодерот „Вјесник“ во Загреб, кој гори повеќе од шест часа, се најде и хрватскиот министер за градежништво Бранко Бачиќ, но, како што објави Индекс.хр, тој не бил расположен да даде изјава, а на новинарот му кажал само дека за пожарот знае само она што досега е познато.
„Сè уште не знаеме што го предизвикало пожарот“, рече Бачиќ.
Кратко пред полноќ, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а бидејќи се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење. Според моменталните информации, во моментот на пожарот немало никој во зградата.
93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот.
„Пожарот е сè уште активен и се шири низ конструктивните отвори. Поради зголемената опасност, пожарникарите се повлечени од внатрешната. Сите станици се испразнети и се пополнуваат со резервни сили“, соопшти Јавната противпожарна служба на Град Загреб.
фото: принтскрин

