Спорт
Уругвај ја совлада Аргентина, во полуфиналето против Перу

Уругвај е вториот полуфиналист на овогодинешниот Копа Америка, откако по подоброто изведување пенали го елиминираа домаќинот Аргентина.
Уругвај е вториот полуфиналист на овогодинешниот Копа Америка, откако по подоброто изведување пенали го елиминираа домаќинот Аргентина. Уште на самиот почеток на мечот, во 6. минута, поведе Уругвај со голот на Диего Перез, но во 18. минута Аргентинците изедначија со голот на Хигуаин, кој беше одлично проигран од Меси. Уругвај од 39. минута играше со играч помалку, откако поради втор жолт картон беше исклучен стрелецот Перез. Аргентина постојано напаѓаше, но голманот на Уругвајците Фернандо Муслера одлично бранеше. Во 87. минута беше исклучен капитенот на Аргентина Хавиер Маскерано. По продолженијата од двапати по 15 минути резултатот остана ист, па се пристапи кон изведување на пенали. Напаѓачот на Манчестер Сити Карлос Тевез промаши во третата серија за Аргентина, додека сите Уругвајци беа прецизни. Уругвај во полуфиналето, кое е на распоред во вторник, ќе заигра против репрезентацијата на Перу, која вчера изненади со победата од 2:0 против фаворизираните Колумбијци. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Доминација на Маркез во Брно

Марк Маркез ја продолжи доминацијата во кралската класа во Мото Гп шампионатот. Шпанецот во Брно, ја освои Големата награда на Чешка. Маркез ја забележа 96.победа во кариерата, а во Брно по 70.пат победи во кралската класа. Маркез стана првиот возач во историјата на Дукати со пет последовни победи.
На патеката во Брно, Маркез запиша рутинска победа, откако во осмиот круг успеа да го мине Марко Бецеки. Италијанецот, возач на Априлија, имаше брилијантен старт, од четвртото се проби на првото место, но против Маркез не можеше да се одбрани.
Големо задоволство по трката има и во таборот на КТМ. Нивниот возач Педро Акоста трката ја заврши на третото место. Ова е прв пласман на подиумот за него оваа сезона.
Разочара уште еднаш Франческо Бањаја. Трката ја започна од пол-позицијата, експресно ја загуби битката со конкурентите и не можеше подобро од четвртата позиција.
Зад Бањаја завршија Раул Фернандез, Фабио Квартараро и актуелниот првак Хорхе Мартин кој се врати по долгата пауза. За Мартин ова беше втората трка сезонава и први поени.
Foto/ EPA
Спорт
Ламин Јамал руши рекорди – Барселона инкасира милиони од продажба на дресови

Младиот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, не престанува да привлекува внимание – и на теренот и надвор од него. Откако неодамна го продолжи договорот со каталонскиот гигант, Јамал го промени и бројот на дресот – наместо 19, отсега ќе ја носи легендарната „десетка“.
Оваа промена предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите, па клубот за само 24 часа продаде дури 70.000 дресови со името на Јамал и бројот 10, поставувајќи нов историски рекорд по дневна продажба. Според шпанскиот медиум COPE, од оваа продажба Барселона инкасирала околу 10 милиони евра.
Дресовите се испратени во повеќе од 170 земји низ светот, а комерцијалниот успех значително ги надмина очекувањата на клубот. Новиот рекорд ја надмина дури и продажбата на дресови кога клубот ги промовираше Лионел Меси и Нејмар како свои играчи.
Јамал, кој е роден во 2007 година, лани настапи на 35 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи 9 голови и остварувајќи 13 асистенции. Со само 17 години, тој веќе е препознат како идниот носител на Барселона.
Барселона ја почнува сезоната со нова надеж – и нова ѕвезда, чијшто дрес веќе е моден хит на глобално ниво.
Спорт
Винисиус Жуниор на излезна врата од Реал Мадрид поради Мбапе?

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, би можел да го напушти клубот, а како главна причина се наведува неговиот нов соиграч – Килијан Мбапе.
Според пишувањата на неколку спортски медиуми, Бразилецот очекува зголемување на платата, со цел да има подобри финансиски услови од Мбапе, кој моментално има највисока плата во клубот. Французинот заработува 30 милиони евра годишно, додека на Винисиус му бил понуден договор со 10 милиони евра помалку.
Се шпекулира дека односот меѓу Винисиус и Мбапе не е најдобар и дека „не кликнале“, што дополнително ја отвора вратата за евентуален трансфер на Бразилецот.
Како потенцијална дестинација сè почесто се споменуваат клубови од Саудиска Арабија, кои наводно нудат огромни суми за да го привлечат 25-годишниот напаѓач. Сепак, со оглед на неговата одлична форма, останува нејасно дали Винисиус би се решил за трансфер во арапскиот свет во овој момент од кариерата.