Свет
Робовладетелите го уриваат и пензискиот систем
Државата нема механизам со кој ќе ги заштити работниците и ќе ги гони газдите кои не плаќаат пензиски придонес.
НАЈМАЛКУ 20.000 ЛУЃЕ СО НУЛА УПЛАТА ЗА ПЕНЗИЈА
Државата нема механизам со кој ќе ги заштити работниците и ќе ги гони газдите кои не плаќаат пензиски придонес. Не постои соработка меѓу приватните фондови и надлежните инспекции, а единствениот совет што го добиваат работниците е самите да си ја ист
Државата нема механизам со кој ќе ги заштити работниците чии газди не плаќаат пензиски придонес. Реформираниот пензиски систем, кој функционира од оваа година, регистрира дека за над 20.000 вработени во државата, членови на приватните пензиски друштва, не се платени придонеси. Во приватните фондови стои дека овие луѓе не зеле плата цели 6 месеци.
Многу поголема е бројката на сите вработени во државата за кои не се плаќа придонес, зашто сите работници не се членови на приватните фондови.
Но, сепак, и покрај фрапантните бројки на изиграни работници, нема ниту една државна институција која по автоматизам ќе преземе обврска да ги гони несовесните газди. Не постои ниту соработка меѓу приватните фондови и надлежните инспекции. Единствениот совет што го добиваат работниците е самите да си ја истераат правдата и да ги пријават газдите во трудовата инспекција.
Во приватните друштва велат дека тие немаат законска обврска да го известат Министерството за труд и социјална политика и да му ги дадат имињата на работниците и на фирмите каде што не се плаќа пензиски придонес. Имињата на нивните членови и фирмите каде што тие се вработени ги третираат под строго доверливо.
"Самиот систем е поставен на индивидуален принцип и секој осигуреник потпишал индивидуален договор со друштвото. Ние немаме директен контакт со работодавците", велат во приватните друштва.
И во државниот Фонд за пензиско кажуваат дека немаат начин да ги санкционираат и да ги натераат газдите редовно да ги уплаќаат придонесите. И таму не постои директна соработка со трудовата и финансиската инспекција.
"Кога ќе ги добијат ваквите извештаи, овие лица треба да разговараат со работодавецот и да видат каде е проблемот. Има случаи кога тие се одјавени од работа, а работодавецот не им кажал и продолжил да им дава само плата. Работниците не ни знаат дека се одјавени", вели Зорица Апостолска, директорка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Од таму советуваат дека ваквите случаи треба да се пријават на трудова инспекција, зашто МАПАС нема надлежност
Р. Фотиновска
*** Што да правите ако добиете празен извештај?
Ако добиете празен извештај, тогаш најпрвин отидете во подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, вака советуваат службите во МАПАС ако се јавите на бесплатниот телефон 0800 10 2 10. "Во Фондот треба да ви проверат дали за изминатите месеци вашиот работодавец плаќал придонес. Ако во евиденцијата на Фондот стои дека придонесите ви се редовно уплаќани, тогаш грешката ја направиле институциите, и парите залутале некаде меѓу ПИОМ и приватното пензиско друштво каде што членувате. Но доколку за вас никој не плаќал придонес, тогаш не можеме да ви сугерираме што да направите.
*** Пријавете ги газдите на 3296 – 310
Работниците кои имаат неплатени придонеси можат да ги пријават газдите во трудовата инспекција на телефонот 3296 – 310. Во Инспекторат велат дека работниците не мора да го откријат својот идентитет.
"Нека ни ја кажат фирмата и нека ни објаснат дали земаат плата, колку месеци имаат неплатени придонеси, дали добиваат здравствени картони", вели Ангел Стаматовски, раководител во Трудовиот инспекторат. "Нашите инспектори ќе отидат во фирмите и ќе ја проверат фактичката состојба. Истовремено, работниците можат да ги тужат своите газди директно во суд. Со неплаќањето придонеси, се крши личното право од работен однос и тоа е казниво. Нашите инспектори ќе поднесат прекршочна пријава, а законот предвидува казна од 100.000 до 200.000 денари", објаснува инспекторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

