Црна хроника
Претепани двајца малолетници во автобус на ЈСП
Поголем број непознати малолетни лица кои говореле албански јазик физички ги нападнале скопјаните Ј.М. и И.С., двајцата родени 1996 година додека се превезувале во автобусот број 50 на ЈСП од Автокоманда кон Центар.
Двајцата малолетници без повод и причина биле удирани со клоци и тупаници во пределот на главата и телото, при што се здобиле со видливи повреди, црвенила и отоци.
Нападот се случил во петокот околу 13:00 часот, додека автобусот поминувал на Бит Пазар. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник од Прилепско
Вчера во 11.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот М.А. од село Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од село Црнилиште, прилепско, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
Вчера во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода 32-годишниот Б.Д. и 25-годишниот А.Д., двајцата од Кичево, извести МВР.
„При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја“, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, била фатена како краде во продавница
Вчера во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 50-годишната Г.И. од гостиварско Неготино.
„Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода“, соопшти МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.