Свет
Самитот на најголемите извозници на гас почна без претставник на Иран

Самитот на најголемите извозници на гас, меѓу кои се и Русија и Катар, почна во вторникот во катарската престолнина Доха без учество на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад чие доаѓање инаку беше најавено.
Самитот на најголемите извозници на гас, меѓу кои се и Русија и Катар, почна во вторникот во катарската престолнина Доха без учество на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад чие доаѓање инаку беше најавено. Катарскиот емир, шеикот Хамад бен Халифа ал-Тани во својот говор на отворањето на самитот рече дека „заштитата на интересите на земјите производители нема да се спроведува на штета на потрошувачите“. На оваа средба на врвот во неделата и’ претходеше состанокот на министрите за енергетика на Форумот на земјите извознички на гас (FPEG), своевиден гасен OPEC.Земјите од FPEG контролираат речиси 70 отсто од резервите на гас во светот, а негови членки се Русија како најголем светски производител, Иран, Катар, Алжир и Венецуела. Техеран претходно го најави доаѓањето на претседателот Махмуд Ахмадинеџад на самитот во Доха, но тој не присуствуваше на отворањето, на коешто, пак, беше забележително присуството на алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика и претседателот на либискиот Национален преоден совет (NTC), Мустафа Абделџалил. Една од целите на овој самит, според организаторите, е да се ускладат напорите на земјите производители на гас, за да се унапреди светската гасна индустрија како и да се воспостави механизам за ускладување на цените на гасот и на нафтата. Главните земји извознички на гас во декември 2008 година ја основаа оваа официјална организација, поради што земјите големи потрошувачи на гасот стравуваат дека преку неа ќе се влијае на цените на овој енергенс./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.