Свет
САД-проверка на стотици милиони финансиски трансакции
Американската администрација, во рамки на борбата против тероризмот, работи да воспостави систем што ќе и овозможи да има увид во стотици милиони меѓународни финансиски трансакции, пишува денеска Њујорк Тајмс
Американската администрација, во рамки на борбата против тероризмот, работи да воспостави систем што ќе и овозможи да има увид во стотици милиони меѓународни финансиски трансакции, пишува денеска Њујорк Тајмс Весникот, кој се повикува на неименувани функционери, наведува дека работна група на американскиот Трезор подготвила процедура за пристап до регистрите на меѓународните вирмани, примени или емитувани од американските банки. Трезорот за ова се повикува на одредбата од законот за реформи на разузнавачкиот систем изгласан во декември, што му дозволува од финансиските институции да бара податоци за “одредени меѓународни електронски финансиски трансфери”, ако смета оти тие се потребни во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Сторителите на терористичките напади од 11 септември 2001 година користеле меѓународни вирмани за трансфер на 130.000 долари, истакнуваат претставниците на Трезорот и додаваат дека тој вид операција би можел да се повтори. Њујорк Тајмс истакнува дека тешко се влегува во трагата на парите со кои се финансира тероризмот, бидејќи се спроведуваат многу операции со релативно минимални средства. Септемвриските напади на Њујорк и Вашингтон, Ал Каеда ја чинеле меѓу 400.000 и 500.000 американски долари, пишува весникот./крај/хн/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борис Џонсон ја обвинува англиската црква за зголемувањето на дебелината во земјата
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека верските водачи треба да се справат со духовната празнина наместо со репарации за ропството бидејќи, како што рече, духовната празнина ги тера луѓето да јадат.
Тој ја обвини англиската црква за порастот на дебелината во Обединетото Кралство велејќи дека неуспехот на црквата да им обезбеди на луѓето духовна храна што им е потребна ги навела луѓето да се прејадуваат, пишува „Тајмс“.
Џонсон рекол дека кога бил помлад, ретко кој од неговото одделение бил дебел.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Свет
Путин повика да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е неопходно да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави (ЗНД).
Путин ова го изјави во писменото обраќање што го прочита директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, на 20. состанок на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на деветте поранешни советски републики.
„Денес, во тешки геополитички услови, вашата конструктивна интеракција е особено важна“, посочи рускиот лидер и оцени дека за да се одржи стабилна ситуација во регионот, неопходно е да се идентификуваат и анализираат заканите за колективната безбедност, да се разменат информации и искуства, пренесува „Известија“.