Македонија
Баросо – Вистинска можност да се реши името
Европската унија побара затворање на грчко-македонскиот спор за името, а Македонија, која има препорака за отворање преговори за членство, на денешната средба на највисоко ниво повтори дека нова блокада од Атина нема да помогне во надминување на спорот.
Европската унија побара затворање на грчко-македонскиот спор за името, а Македонија, која има препорака за отворање преговори за членство, на денешната средба на највисоко ниво повтори дека нова блокада од Атина нема да помогне во надминување на спорот.Прашањето за името на Македонија мора да се реши еднаш за секогаш и сега е вистинската можност да се покаже воља од двете страни да се надмине овој проблем, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Баросо во Брисел по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.Баросо изрази поддршка за премиерот Груевски за направените реформи, додавајќи дека треба да се продолжи со добрите одредници.Претседателот на Европската комисија меѓу другото порача дека треба да се завршат реформите во јавната администрација.Премиерот Груевски упати голема благодарност до Европската комисија за поддршката, како и за визната либерализација, истакнувајќи дека Македонија ги исполни сите критериуми за добивање датум за преговори.„Остануваме посветени на европската агенда, ќе продолжиме да работиме напорно за таа цел, која е приоритет на сите граѓани. Ќе се трудиме да ги решиме сите отворени прашање, како што е и прашањето со името“, рече Груевски.Тој информираше дека во последниот период има многу интензивни дискусии, дијалогот е подобрен, има интензивни преговори помеѓу преговарачите, што е прогрес, но нема сериозен прогрес за барањето што го отвори Грција.„Јас верувам дека има многу простор за грчката влада да биде пофлексибилна и да продолжи со интензивни дискусија за името, кои може да бидат паралелни со преговорите со ЕУ“, изјави Груевски.Тој повтори дека евентуалното блокирање од грчка страна нема ништо да помогне, како што беше примерот со блокадата за пример на Македонија во НАТО.„Грчката влада има можност да не блокира во секое време и во отворањето и затворањето на целата работа,“ изјави Груевски, искажувајќи подготвеност за продолжување на преговорите.Грчката влада денеска повтори дека ќе ги блокира претпристапните преговори на Македонија со Европската унија доколку не биде решен спорот со името. Засега е неизвесно каква ќе биде одлуката на Европскиот совет на 7-ми декември во Брисел, од каде Македонија очекува добивање датум за отпочнување преговори за членство./крај/с/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ.
На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.
„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата Стоилковиќ.
Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
„Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави Стоилковиќ.
Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.

