Контакт

Свет

Русија поради санкциите губи 32 млрд. евра

Објавено пред

Русија годишно ќе губи 32 милијарди евра поради санкциите кои ги воведе Западот, а поради падот на цената на нафтата губи 80 милијарди, оцени во понеделникот рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Годишно губиме 32 милијарди евра поради геополитичките санкции, а поради падот на цената на нафтата губиме до 80 милијарди евра“, наведе Сулианов.

 

Поради украинската криза, Западот и воведе санкции на Русија, поради што државата се најде на раб на рецесија, а забележен е и рекорден пад на вредноста на рубљата.

 

Руската економија силно е погодена и со падот на цената на нафтата, која минатата недела падна на 80 долари за барел, најниско ниво за последните четири години.

 

Долниот дом на рускиот парлаемент го изгласа буџетот за 2015-2017 година, намален за 0,6 отсто, додека економскиот раст во третиот квартал падна за 0,7 отсто на годишно ниво.

 

Рускиот институти за статистика Росстат прогнозира намалување на економскиот раст и во четвртиот квартал, додека Централната банка предвидува економски раст од 0,3 отсто во 2014 година и нула отсто во 2015 година.

 

Според проценките на Централната банка, одливот на капитал оваа година од Русија изнесува 128 милијарди долари. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ердоган ветува поддршка за сирискиот народ по падот на Асад

Објавено пред

По пауза од 12 години, Турција повторно ја отвори својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе го поддржи сирискиот народ во процесот на обновување и закрепнување, оценувајќи дека Турција ќе продолжи да биде клучен фактор за стабилност во регионот.

dobivaj vesti na viber

На провинцискиот конгрес на Партијата на правдата и развојот, Ердоган истакна дека сирискиот народ извојувал значајна победа со соборувањето на режимот на Башар ал Асад. Потсети и дека Турција пред 13 години ги отворила своите граници за милиони бегалци од Сирија, обезбедувајќи засолниште за околу четири милиони луѓе кои побегнале од конфликтот.

„Турција останува како остров на стабилност среде хаосот и превирањата во регионот“, рече Ердоган, истакнувајќи ја улогата на неговата земја во решавањето на регионалните кризи.

Денеска, турското знаме повторно се вее пред зградата на амбасадата во Дамаск, лоцирана во дипломатскиот кварт. За привремен вршител на должност на амбасадор е назначен Бурхан Короглу, кој досега беше амбасадор на Турција во Мавританија.

Амбасадата на Турција ја прекина својата работа на 26 март 2012 година, поради влошувањето на односите меѓу Анкара и режимот на Асад, но со денешното отворање, активностите се официјално обновени.

Прикажи повеќе...

Економија

Јавниот долг на Франција за првпат се изедначува со грчкиот

Објавено пред

Франција за првпат ги изедначи трошоците за задолжување на Грција, со висок јавен долг и слабо балансирање на владата меѓу незадоволството на граѓаните и крајниот рок за усвојување на буџетот за следната година.

dobivaj vesti na viber

Во екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година, трошоците за задолжување на Грција, мерени преку приносот на 10-годишните државни обврзници, беа за 37 процентни поени повисоки од приносот на француските обврзници со таа рочност, потсетува Ројтерс.

Приближно 12,5 години подоцна, приносите на долгорочниот грчки долг се движат околу три отсто и се само 0,02 процентни поени повисоки од приносите на францускиот долг.

Грција и натаму е членка на еврозоната со највисок јавен долг, мерено како удел во БДП, од 163,6 отсто на крајот на јуни. Во меѓувреме, Франција се доближи до неа и го зазеде третото место на скалата „должник“, со јавен долг од 112,2 отсто од БДП.

 

Прикажи повеќе...

Економија

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“

Објавено пред

Дологорочно, германскиот пазар на труд секоја година во значителна мера зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од Фондацијата „Бертелсман“.

dobivaj vesti na viber

Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници, без дополнителни имигранти, ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милион. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува „Дојче веле“.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од Фондацијата „Бертелсман“.

„Се разбира, пред сè, мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето што веќе се преселиле тука и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не може да се задоволат само на овој начин“.

Реформираниот закон за имиграција на квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година нема да бидат еднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостигот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, велат од Водовод

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат за бегството на Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку соопштенија и утринава меѓусебно се обвинуваат кој е виновен за бегството на Груби. „СДС да и...

Свет5 часа

(Фото+видео) Медицински хеликоптер падна врз болница во Турција, има загинати

Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турцијa. Несреќата се случила во градот Мугла,...

Свет5 часа

(Фото) Одреден притвор за мажот кој со автомобил влета на божиќен пазар во Германија, познати се нови детали за нападот

Мажот обвинет за убиство на четири жени и деветгодишно момче удрирајќи со автомобил во нив на божиќен пазар во германскиот...

Македонија7 часа

Денеска сонце, од утре снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта...

Свет18 часа

(Фото) Двајца доктори од Македонија учествувале во спасување на повредените во терористичкиот напад во Германија

Двајца македонски доктори учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот базар во Магдебург, објави Амбасадата на Македонија...

Регион19 часа

Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец

Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните...

Свет1 ден

(Фото) Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Бројот на загинатите во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на пет, а 41 лице е...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе

„СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира“, рече денеска...

Македонија1 ден

Завршува санацијата на главниот водовод, за неколку часа сите во Скопје ќе имаат нормално водоснабдување

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираа од ЈП „Водовод и...

Македонија1 ден

(Видео) Младеновска: Страшно, починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци, кажа денеска на прес конференција Рената Младеновска, членка...

Македонија1 ден

Институтот за јавно здравје издаде важни препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето

Институт за јавно здравје издаде препораки во насока за тоа кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде...

Топ1 ден

Се испитуваат причините за смрт на машко лице пронајдено во водите на Црна Река

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември...

Македонија2 дена

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската...

Македонија2 дена

Вода за пиење за Клинички е обезбедена со донација, Таравари ќе се обиде да ги редуцира операциите закажани за утре

Министерот за здравство Арбен Таравари уверува дека Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е подготвен за утрешниот прекин во водоснабдувањето во Скопје,...

Економија2 дена

Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, ги повика граѓаните да пријават доколку забележат поскапување на водата во Скопје во...

Македонија2 дена

За Дурмиши, најголеми инспектори се граѓаните: Секое изигрување на цените пријавете го на бесплатниот број 191

Во првите шест дена откога стапи во сила новогодишната кошничка со 10 отсто поевтини цени на над 1.000 производи, нема...

Македонија2 дена

На Вања ѝ било пукано во главата додека клечела на колена, на лентата на нејзината уста најдена ДНК – Обвинителството изведе докази во судот

Во главата на Вања било пукано од непосредна близина. Пред да биде застрелана, таа била жива, а трагите од кал...

Македонија2 дена

Погодена зграда во Киев, каде што се наоѓа Амбасадата на Македонија, МНР го осуди рускиот напад

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. „Воедно, информираме...

Регион2 дена

(Видео) Едно дете почина по масакрот во училиште во Загреб, тешко повредена наставничка, објавија хрватските медиуми

Хеликоптер на брзата помош ги пренесе повредените од основното училиште во Загреб, кои со нож ги ранил 19-годишник. Повредени се...