Регион
Орбан: Унгарија нема ‘вечно’ да ги пропушта бегалците преку својата територија

Унгарија го обезбедува преминот на мигрантите до Австрија преку својата територија, но тоа не може вечно да го прави, бидејќи „приливот на бегалци е непресушлив“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан кој во саботата говореше на собирот на неговата владејачка партија Фидес во градот Кечкемет.
„Го обезбедивме нивното минување, бидејќи се случи вонредна ситуација и затоа што за тоа се договоривме со челниците на Германија и на Австрија. Но тоа не значи дека така ќе биде цело време“, изјави Орбан, пренесува агенцијата MTI.
Според унгарскиот конзервативен премиер, „потокот бегалци е непресушлив, така што кај нас може да дојдат милиони бегалци“. „Должни сме да се заштитиме, тоа повеќе да не се повтори. Доколку државата нема граници, таа не може да се смета за држава“, додаде Орбан.
Истакна и дека Унгарија во заштитата на своите граници смета и не Европската унија. Претходно Орбан соопшти дека од почетокот на годинава низ земјата минале над 150.000 бегалци, а само во саботата пристигнале нови 3.300 мигранти.
Од почетокот на 2015 година во ЕУ пристигнаа околу 350.000 луѓе од субсахарска Африка, Блискиот и Далечниот исток, кои бегаат пред сиромаштијата и војните во нивните земји, меѓутоа оваа бројка секојдневно се обновува со илјадници нови мигранти. Први на удар на мигрантскиот бран се Италија и Грција од која бегалците преку Македонија и Србија се упатуваат кон Унгарија од каде имаат намера да влезат во богатите западни земји од Европската унија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.