Спорт
Слаломот во Семеринг за Марлис Шилд

Марлис Шилд од Австрија победи на слаломската трка која во рамките на натпреварите од Светскиот куп се возеше во Семеринг. Шилд до 24-та слаломска победа, вкупно 26-та во кариерата стигна со време кое за 32 стотинки беше подобро од она кое го постигна второпласираната Марија Риш од Германија. До третото место стигна Тања Поутиаинен од Финска, која зад победничката задоцни 52 стотинки. Французинката Настасија Ноенс, кoја по првата трка беше првопласирана на крајот го освои шестото место. Со оваа победа Марлис Шилд се зацврсти на врвот на вкупниот поредок во слалом со 300 бодови, Поутиаинен има 50 бодови помалку, додека со 240 бодови на третото место е Марија Риш. Германката Риш е лидер во генералниот пласман со 738 бодови, на второто место е Линдзи Вон со 618 бодови. крај/хина/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Марсеј по пауза од 14 години на „Велодром“ го победи ПСЖ

Фудбалерите на Олимпик Марсеј го победија Пари Сен Жермен со 1:0 во петтото коло од Лига 1.
Марсеј победи благодарение на единствениот гол на натпреварот, на почетокот од натпреварот.
Се играше петтата минута кога Наиф Агерд постигна гол за водство на Марсеј од 1:0. Интересно е што тоа беше единствениот удар во рамките на голот на домашната екипа.
Пари Сен Жермен постојано напаѓаше, пропушти неколку добри шанси, но на голот на Марсеј блескаше Аргентинецот Херонимо Руљи.
Marseille 1×0 PSG
⚽️ Nayef Aguerd
Meh pic.twitter.com/LmsDySWzeV
— PICO from Portugal 🇵🇹 (@PortugalPico) September 22, 2025
Инаку ова е прав победа на Марсеј на домашен терен над ПСЖ по цели 14 години. Исто така ПСЖ го доживеа вториот пораз на последните 44 гостувања во Лига 1.
Пари Сен Жермен сега е израмнет со Монако, Лион и Стразбур, сите имаат по 12 бода и се на врвот на табелата, додека Марсеј е на шестото место со девет бода.
Во наредната рунда, ПСЖ ќе го пречека Оксер, додека Марсеј гостува кај Стразбур.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Донарума и официјално е најдобар голман во светот

На свечена церемонија во Париз, на која по 69-ти пат ќе биде доделена Златната топка, наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман во светот му беше доделена на Џанлуиџи Донарума.
Италијанскиот голман исто како и неговиот поранешен тренер Луис Енрике, минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот и Купот на Франција.
Ова лето, тој се пресели во Манчестер Сити за 40.000.000 евра, бидејќи влегуваше во последната година од договорот со ПСЖ, а не сакаше да го продолжи.
Инаку, Донарума, втор пат е прогласен за најдобар голман. Првата награда „Јашин“, Италијанецот ја доби во 2021 година кога со Италија стана европски првак.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Јамал повторно е најдобар млад играч во светот

На свечената церемонија во Париз за доделување на „Златната топка“, Ламин Јамал беше избран прв, во категоријата најдобар млад играч. Играчот на Барселона ја доби наградата „Копа“.
Суперѕвездата на Барселона дојде во „градот на светлината“ за да ја прими главната награда за најдобар играч во светот, но на почетокот на вечерта ја доби истата награда што ја освои и минатата година.
Така, тој стана првиот играч во историјата што ја одбрани оваа награда. Но, тој сè уште чека на главната, која ќе биде доделена на самиот крај.
Водителите го прашаа на сцената дали е подготвен за „Златната топка“, а Џамал одговори:
„Не знам“, што им се допадна на многумина на церемонијата.
💬 Lamine Yamal's speech on stage, after winning the 2025 Kopa Trophy#ballondor pic.twitter.com/bEdmofANpI
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Најдобрите 10 млади игрчи во светот:
Here is the 2025 Kopa Trophy full ranking!
1️⃣ Yamal Lamine
2️⃣ Désiré Doué
3️⃣ Joao Neves
4️⃣ Estevao
5️⃣ Kenan Yildiz
6️⃣ Dean Huijsen
7️⃣ Pau Cubarsi
8️⃣ Rodrigo Mora
9️⃣ Ayyoub Bouaddi
9️⃣ Myles Lewis-Skelly#TrophéeKopa #ballondor pic.twitter.com/pYRe4DltsF— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025