Свет
Лондонскиот суд го ослободи Асанж
Лондонскиот суд реши да го ослободи основачот на фамозната „свиркачка“ итнернет страница WikiLeaks Џулијан Асанж со кауција, но и под одредени услови, јави BBC
Џулиан Асанж е обвинет за сексуално насилство врз две жени во Шведска и се бори против негова екстрадиција од Велика Британија. Минатата седмица судот го одби барањето на Асанж тој да биде пуштен на слобода.Како што беше најавено, одбраната на Асанж повторно побара негово ослободување со кауција.Во моментот кога се носеше денешната одлука, пред зградата на судот во Лондон беа собрани стотици поддржувачи на Асанж. Асанж беше уапсен на 7-ми декември, кога доброволно се јави во Скотланд Јард. На првото судско рочиште коешто се одржа истот ден беше одбиено барањето на 39-годишниот Австралиец да биде ослободен со кауција. Со тоа, според британските процедури, сослушувањата за екстрадиција треба да се одржат во рок од 21 ден.Сепак, како што покажува практиката, при вакви големи процеси и се повеќето и погласни обвинувања за политизација на самиот процес, донесувањето на конечната одлука на судот може да потрае и неколку месеци. Судот во шведската престолнина Стокхолм во ноември го одобри барањето на тамошното обвинителство да се побара апсење на Асанж по обвиненијата за силување и сексуално вознемирување. На 20-ти ноември канцеларијата на шведскиот јавен обвинител до Интерпол поднесе барање да за распишување меѓународна потерница. Шведското обвинителство се реши на овој чекор бидејќи извесно време не беше познато каде престојува Асанж, иако тој не се трудеше да се сокрие и британските медиуми упорно пишуваа дека тој престојува во Лондон. Покрај тоа, неговите адвокати изјавуваа дека Скотланд Јард ги има сите контакти на нивниот клиент и дека тој е секогаш подготвен да се сретне со нив.Оттаму воопшто не беше изненадување тоа што минатиот вторник Асанж сам се пријави во полицијата. Основачот на Викиликс и неговиот адвокат Марк Стивенс изјавија дека самите сакаат да ги видат доказите против Австралиецот, за делата што тој не ги признава. Судот, сепак, не го зема предвид доброволното предавање и интересот на Асанж за соработка со правосудните органи, ја одби кауцијата и го испрати во затвор Вандсворт во југо-западен Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Апокалипса во Кина: силно торнадо руши се’ пред себе, 5 загинати и многу повредени
Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што денеска го погоди јужниот кинески град Гуангжу, јави кинескиот јавен сервис CGTN.
Сеизмолошкиот институт соопшти дека торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највисокото, а увидот за материјалната штета е во тек, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Метеоролошката станица во селото Лијангтиан во округот Бајин, на околу три километри од местото каде што потекнува торнадото, попладнево забележа максимален удар на ветер од 20,6 метри во секунда.
Претходно во текот на денот, градските власти издадоа предупредувања за можна појава на грмотевици, дожд, град и торнада во многу окрузи.
Ова доаѓа додека провинцијата Гуангдонг се бори со рекордни поплави предизвикани од обилните дождови, кои однесоа најмалку четири животи и раселени десетици илјади луѓе низ неколку градови.
Најмалку 10 лица се водат како исчезнати.
Свет
(Видео) Приведени 100 учесници на пропалестинските демонстрации на Универзитетот во Бостон
Полицијата денеска го растури студентскиот протест против израелската агресија во Појасот Газа на североисточниот универзитет во Бостон, а Универзитетот соопшти дека се уапсени околу 100 студенти.
Од универзитетот додаваат дека секој што имал универзитетска лична карта е ослободен и дека „ќе се соочи со дисциплинска постапка на универзитетот, но не и законска постапка“.
Во соопштението на универзитетот се нагласува дека активностите на демонстрантите се зголемени на ниво кое училиштето „не може да го толерира“, пренесува Бостон Хералд.
Les étudiants de l'Université Northeastern de Boston ont empêché les fourgons de police de quitter les locaux avec les étudiants arrêtés après avoir tenté de démanteler le camp de solidarité de Gaza. pic.twitter.com/bnJQQJ7YZU
— Marysieńka (@MarieMarysienka) April 27, 2024
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.