Свет
Бин Ладен им се заканува на американците со убиства
Осама бин Ладен им се заканува со убиства на американците, ако го егзекутираат организаторот на нападите од 11 Септември, Халид Шеик Мохамед.
Осама бин Ладен им се заканува со убиства на американците, ако го егзекутираат организаторот на нападите од 11 Септември, Халид Шеик Мохамед.
Ова е најновата изјава на водачот на терористите Осама бин Ладен, во најновото видео обраќање, пренесувано од катарската телевизија “Ал џезеира“ .
“Белата куќа објави дека ќе го погубат Халид Шеик Мохамед. Денот кога САД ќе преземат такво решение, секој од вас што ќе падне во наши раце ќе биде егзекутиран“ – се вели во видео пораката на Бин Ладен./крај/бгнес/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее низ Лос Анџелес.
Според Би-Би-Си, видеото е создадено за само 90 минути ноќта меѓу 7-ми кон 8-ми јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Палисадес Пацифик, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа:
Свет
Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее во Лос Анџелес.
Според Би-би-си, видеото е создадено за 90 минути ноќта меѓу 7 кон 8 јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Пацифик Палисадес, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа на кои може да се забележи ширењето на огнот:
Свет
Трамп: Русите и пред Путин рекоа дека Украина нема да влезе во НАТО, издлабено е во камен
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ги разбира причините зошто Русија се противи на членството на Украина во НАТО.
За време на прес-конференцијата во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп исто така остро го критикува претседателот во заминување Џо Бајден за промена на позицијата на САД за ова клучно прашање.
„Голем дел од проблемот е што Русија, долго пред Путин, јасно стави до знаење дека НАТО не смее да ја вклучи Украина. Тоа е како правило поставено за нив“, рече Трамп.
Според него, залагањето на Бајден за членство на Украина во НАТО ги влоши односите и, меѓу другото, доведе до конфликт. „Русија тогаш го има НАТО буквално на својот праг и можам да го разберам нивниот однос кон тоа“, додаде тој.
Русија го наведе проширувањето на НАТО кон нејзините граници како една од клучните причини за почнување на т.н. специјални воени операции во Украина или агресијата што почна на 24 февруари 2022 година.
Во септември истата година украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изненади меѓународната заедница со најава на забрзана апликација за членство во НАТО. Иако членките на алијансата во принцип го поддржаа предлогот, Украина до денес не доби официјална покана за членство.