Свет
Бајден бил против нападот на Осама бин Ладен
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изминатиот викенд признал дека го советувал претседателот Барак Обама против покренување на мисијата во која минатиот мај во Пакистан беше убиен Осама бин Ладен, пренесува во понеделникот американската телевизиска мрежа ABC News.
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изминатиот викенд признал дека го советувал претседателот Барак Обама против покренување на мисијата во која минатиот мај во Пакистан беше убиен Осама бин Ладен, пренесува во понеделникот американската телевизиска мрежа ABC News.Во својот настап на средбата на демократските конгресмени одржана овој викенд во Кембриџ во Мериленд, потпретседателот Џо Бајден објаснил дека кога дошло времето за донесувањето на конечната одлука, кај него и натаму имало двоумење околу тоа дали лидерот на глобалната терористичак мрежа Ал Каеда и покренувач на терористичките напади на САД од 11-ти септември 2001 година, навистина се наоѓа во сомнителниот комплекс во Пакистан. Кога претседателот Барак Обама побарал неговите главни советници да ги дадат своите конечни мислења за мисијата, сите биле нерешителни, освен поранешниот директор на CIA а сега министер за одбрана на САД, Лион Панета, според телевизјата рекол Бајден.„Секој поединец во таа соба претпазливо се ‘обложуваше’, освен Леон Панета. Леон рече ‘одиме’. Секој друг велеше 49-51 отсто“, рекол Бајден, изнесувајќи досега непознати детали за процесот на одлучување за ликвидацијата на водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. „Тој дојде до мене. Рече, Џо, што мислиш ти?, а јас реков: знаеш, не знаев дека имаме толку многу економисти. Реков, му должиме на човекот директен одговор. Господине претседателе, мој предлог е да не одиме. Мораме да направиме уште две работи да видимедали тој навистина е таму“, се присетил Бајден.Иако Бајден не објаснил кои се тие две рабори, следното утро Обама на својот советник за национална безбедност Том Донилон му дал налог за почнување на акцијата на морнаричките командоси SEAL, коишто на 2-ри јануари 2011 година го ликвидираа бин Ладен во неговото скривалиште во пакистанскиот град Аботабад.„Тој знаеше што е на коцка, не само животите на тие храбри воини, туку дословно претседателството“, рекол Бајден за одлуката на Обама за операцијата којашто го изненади целиот свет./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.
Свет
Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните
Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик.
„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се наведува во заедничката изјава на Обединетото Кралство, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска.
Овие осум земји, кои одлучија да испратат свои војници на Гренланд, порачаа дека се подготвени за „дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, зад кои цврсто стојат.
Тие повторија дека се „во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд“ и порачаа дека како членки на НАТО се посветени на јакнење на безбедноста на Арктикот – „заеднички трансатлантски интерес“. Во тој контекст, воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на таа потреба и „не претставува закана за никого“.
Од Париз, пак, доаѓа повик за активирање на „економската базука“ на ЕУ. Блиски соработници на францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека Франција бара од Европската унија да го активира Инструментот за борба против присила – механизам што би ѝ овозможил на ЕУ да одговори на економски закани, вклучително и ограничување на пристапот на САД до јавни набавки или трговија во сектори каде што американската страна има суфицит, ако Трамп не се откаже од најавените царини.

