Свет
Дистрибуцијата на продажба, хидроцентралите куртулија

Дистрибутивната мрежа на „Електростопанство на Македонија“ ќе биде приватизирана до почетокот на идната година, а хидроцентралите и термоцентралите остануваат под државна капа, барем до наредните парламентарни избори, реши Владата.
Мирче Котевски
Дистрибутивната мрежа на „Електростопанство на Македонија“ ќе биде приватизирана до почетокот на идната година, а хидроцентралите и термоцентралите остануваат под државна капа, барем до наредните парламентарни избори, реши Владата.
На вчерашната седница Владата ја прифати поделбата на ЕСМ на три независни друштва – за производство (Електрани на Македонија, ХЕЦ и ТЕЦ), за дистрибуција на струја (АД ЕСМ) и термоелектричната централа „Неготино“ како посебна целина што државата наскоро ќе ја стави на продажба.
– Производството засега нема да се приватизира, а за таков процес Владата ќе одлучува дополнително, според рокови што ќе ги дефинира заедно со меѓународниот консултант за приватизација „Мајнел банк“. Со ова завршуваме уште една фаза од процесот на преструктурирање на електроенергетскиот сектор предвидено со Законот за преобразба на ЕСМ – изјави министерот за економија, Фатмир Бесими.
Бесими призна дека производството на струја нема да влезе во процес на приватизација поради сугестиите од Светска банка и од домашната стручна јавност, кои жестоко се спротивставија на првичната идеја, новиот доминантен акционер во ЕСМ да го преземе управувањето во ХЕЦ.
Владата се уште размислува колку од дистрибуцијата ќе стави на продажба, но извесно е дека ќе се реши за мнозинскиот пакет акции за да привлече атрактивни странски инвеститори. Македонскиот електропреносен систем-оператор МЕПСО од почетокот на годинава веќе е независна компанија за пренос на електрична енергија, која прва се издвои од ЕСМ.
Односот меѓу новите три компании на пазарот е таков што фирмата за производство, целокупното производство на електрична енергија ќе го продава на МЕПСО по договори што ќе подлежат на одобрување од страна на регулаторната комисија за енергетика. МЕПСО потоа ќе прави баланс меѓу понудата и побарувачката на електрична енергија и ќе ги снабдува големите потрошувачи на тој енергенс. Надзорните одбори на двете нови компании, кои веќе беа именувани од Владата, денеска ќе треба да ги изберат новите управни одбори. Неофицијално, Панде Лазаров ќе биде генерален директор на ЕЛЕМ – друштвото за производство, додека од 13 кандидати за првата позиција во АД ЕСМ најголеми шанси имаат директорот на правниот сектор во ЕСМ Златко Симоноски, и актуелната директорка за финансии во компанијата Мирјана Шаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“