Скопје
Општина Ѓорче Петров подготвена за првиот снег
Со цел навремено дејствување и преземање превентивно- оперативни работи поврзани со зимското одржување на локалните патишта градоначалникот на општината, Сокол Митровски, во четвртокот свика состанок на кризниот штаб во зимски услови на територија на Општина Ѓорче Петров.
Ова скопска општина е подготвена со сол и механизација да интервенираат во расчистување на улиците и јавните површини во случај на врнежи од снег, а склучени се и договори со приватни фирми кои располагаат со механизација за справување со снегот, информираше градоначалникот Митровски.
По локалните патишта ќе интервенираат соларки за чистење на снег, грејдер, камион-кипер, булдужер , а веќе се формирани и екипи кои ќе дежураат 24 часа во случај на потреба од интервенции , беше потенцирано на состанокот.
Приоритет при одржувањето ќе имаат сообраќајниците кои поврзуваат здравствени установи , училишта , градинки, населени места и сообраќајници по кој се одвива Јавниот градски превоз.
При оспособувањето на коловозните површини за сообраќај и тоа првенствено на сообраќајниците по кој се одвива Јавен градски превоз, критични точки и витални објекти во општината во прва состојба на готовност ќе го врши Јавното претпријатие „Улици и патишта“.
Во месните и урбани заедници на територијата на општината дополнително ќе се одржат состаноци за активностите на граѓаните во претстојната зимска сезона. Општината периодов ќе ја зголеми соработката со полицијата, дирекцијата за Заштита и спасување и Центарот за управување со кризи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

