Спорт
Челзи го презема водството во Англија
Со победата над Манчестер јунајтед на неговото игралиште, лондонците го преземаа водството по 33-то коло на англискиот фудбалски шампионат
Мечот веќе предизвика големи полемики во англиските медиуми, заради вториот гол на Челзи, што во 79. минута го постигна Дидие Дрогба, според многумина од очигледна офсајд позиција. Инаку, Челзи поведе со голот на Џо Кол во 20. минута, а резултатската неизвесност ја врати Федерико Мачеда во 81. минута.Сега пет кола пред крајот на првенството, Челзи има два бода предност пред актуелниот шампион Манчестер јунајтед.Арсенал ги задржи шансите во борбата за титулата откако против слабиот Вулверхемптон победи дури во 4-та минута од судското дополнение со голот на Никлас Бендтнер. Во другите натпревари, Тотенхем кој претендира на четвртата позиција и директен пласман во Лигата на шампионите, загуби на гости кај Сандерленд со 1:3. Интересно на овој меч беше што домашните, односно поранешниот играч на Тотенхем, Дарен Бент, кој уште во првата минута го отвори резултатот, а подоцна и од пенал, не реализираше два удара од 11 метри.Астон вила на гости го победи Болтон, со 1:0, а Блекбурн кај одамна испаднатиот Портсмут одигра нерешено без голови. Сток сити го совлада Хал со 2:0, а подоцна играат Барнсли и Манчестер сити. Во недела играат, Бирмингем сити и Ливерпул, Фулам со Виган и Евертон го пречекува Вест хем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ватерполистите на Србија го освоија европското првенство
Класик во финалето на Европското првенство во ватерполо, во натпреварот за титулата најдобар на Стариот континент, Србија ја победи Унгарија по голема борба, 10:7. Србија шести пат во својата историја ја освои европската титула.
Со гранитна одбрана и фантастичен борбен дух, Србија се врати на европскиот ватерполо трон. По нерешениот резултат во првото полувреме (5:5), Србија прва стигна до предност од два гола на почетокот на третата четвртина, кога Василије Мартиновиќ го искористи напад со играч повеќе и постигна гол за 7:5. Унгарија потоа го намали резултатот на 7:6, што беше резултат со кој селекциите влегоа во решавачката четвртина.
На четири минути и 13 секунди пред крајот, Србија повторно дојде предност од два гола, а на три минути пред крајот, Ѓорѓе Лазиќ го зголеми резултатот на 9:6, во тој момент најголема предност, а прашањето за победникот дефинитивно го реши Мандиќ со гол за 10:6 една минута и 46 секунди пред крајот на натпреварот.
Голманот на Србија, Милан Глушац, дебитант на големите натпреварувања е вистинскиот херој на својата репрезентација. Во финишот на финалетоцелата „Арена“ скандираше „МВП, МВП“. Младиот голман заслужи да добие овации на отворена сцена, одбрани 11 од 18 шутеви на унгарските ватерполисти, за процент на успешност од 61,1 отсто.
Стрелците на Србија ги предводеше Душан Мандиќ со четири гола, на споритвната страна гол помалку постигна Венгел Вигвари.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Убедлив триумф на Јувентус во дуелот со актуелниот првак
Фудбалерите на Јувентус убедливо го победија шампионот на Италија, Наполи со 3:0 (1:0), во дерби натпреварот од 22-то коло на Серија А. Во центарот на вниманието беа тренерите Антонио Конте и Лучано Спалети, играа против своите поранешни клубови.
„Старата дама“, го искористи фактот дека Наполи пристигна ослабен и оствари убедлив триумф. Шампионот на Италија за прв пат оваа сезона прими три гола во еден натпревар од Серија А.
Канаѓанецот Џонатан Давид ја најави победата во 22-та минута по асистенцијата од Мануел Локатели.
Во вторите 45 минути, уште два пати беше совладан Алекс Мерет, кој бранеше наместо повредениот Вања Милинковиќ Савиќ.
Во финишот на натпреварот, Јувентус постигна два гола, Вториот е дело на Кенан Јилдиз по додавање на Фабио Мирети, кој штотуку влезе во играта. А потоа и најубавиот гол на натпреварот, фантастичен удар на Филип Костиќ за конечни 3:0.
Kostic finds the back of the net! Juventus with a powerful strike!#JUVNAP #SerieA #Footballpic.twitter.com/gKrHrXcwcl
— goalpostX (@GoalpostX) January 25, 2026
Наполи сега има девет поени помалку на табелата од лидерот Интер и се чини дека полека го губат чекорот во шампионската трка.
Foto/
Спорт
Исланд ја декласира Шведска на ЕП
Ракометарите на Исланд ја победија Шведска со 35:27 во второто коло од втората фаза на Европското првенство.
Исланѓаните, се рехабилитираа по поразот од Хрватска и им го нанесоа првиот пораз на турнирот на Швеѓаните. Во моментов во Групата 2, Исланд, Шведска и Словенија имаат по четири бода и се на врвот на табелата. Хрватска е четврта со два бода и натпревар помалку.
Исланд водеше во текот на целото прво полувреме. Швеѓаните се држеа до 9:7, но Исланѓаните потоа направија серија од 5:1 и стекнаа голема предност од шест гола.
На шполувреме Исланд водеше 18:12, но со одлична игра на почетокот од второто полувреме, Шведска се врати на само еден гол негатива во 42-та минута.
Исланд успеа да го одбие тој налет, со три последователни гола, стекна предност од четири гола (26:22). Во 52-та минута, Шведска губеше со 28:25, но потоа Исланд постигна пет последователни гола и се одвои на огромни +8.
Исланд до победата го предводеше брилијантниот Виго Кристјансон со 11 гола. Бјарки Мар Елисон додаде шест гола, а Один Тор Рикхардсон пет гола. Голманот Виктор Гисли Халгримсон одбрани 12 удари. Албин Лагергрен постигна пет гола за поразениот тим.
Foto/ EPA

