Македонија
Владините милиони за кампањи најматни во октомври
Кампањи, реклами, соопштенија и повици на македонската Влада, за кои во 2008. година се потрошени речиси 10 милиони евра, е најматен настан во октомври. Ова е изборот на главните уредници на печатени и електронски медиуми во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс
Кампањи, реклами, соопштенија и повици на македонската Влада, за кои во 2008. година се потрошени речиси 10 милиони евра, е најматен настан во октомври.Ова е изборот на главните уредници на печатени и електронски медиуми во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“. Во анкетата учествуваа 19 главни уредници, од кои 11 се определија за владините кампањи. Според извештајот на Државниот завод за ревизија, објавен во октомври, Владата лани дури 49 отсто од својот буџет потрошила за кампањи и реклами. Заводот за ревизијата соопшти и за проблематични јавни набавки и вработувања по принципот на правична застапеност на заедниците, како и за ненаменски трансфери до невладини организации.На второ место, со четири „матни“ гласа, е зголемениот тренд на поништување на постапките за јавни набавки. На конкурсите учествувале доволен број фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништувањето.На трето место на листата на матни настани се тројцата штипски полицајци, кои завршија во притвор, поради незаконско апсење и изнуда на 8.000 евра од едно лице.Најбистар настан во октомври со 11 гласа е менувањето на правилниците на Судскиот совет, кои се однесуваат на дисциплинска постапка против судиите и за утврдување нестручно и несовесно работење.Сега судиите кои нестручно работеле и не мора да се појавуваат на седниците на судскиот Совет. Со ова се дава можност да се одржи расправата и во отсуство на судијата, со тоа што му се остава право да доколку тој биде спречен по било кој основ, да може да постави свој бранителШест „бистри“ гласа доби апсењето на советник во Министерството за одбрана за поткуп. Службеникот неправосилно е осуден на една година затвор.Двајца учесници не гласаа за ниту еден „бистар“, а еден не одбра „матен“ настан.Во анкетата „Бистро – Матно“ учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Телма, Сител, Наша ТВ, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Вечер, Време, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник и неделниците Глобус, Капитал, Фокус и Форум.Анкетата „Бистро – Матно“ како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004 година./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Новo рисче на Шара – тимот на Националниот парк слави со мекици
Националниот парк „Шар Планина“ соопшти дека на една од нивните трап-камери била забележана мајка рис со малечко, при што и двете животни се во одлична здравствена состојба. Со ова, бројот на документирани рисови на Шара се зголемува од една на три единки.
Од паркот потсетуваат дека по успехот минатата година, кога првпат бил снимен мажјак на локалитетот Лешница, денес со радост објавуваат дека и мајка со младенче е регистрирана на територијата на Општина Боговиње. Според соопштението, станува збор за историски момент и резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на тимот. Колегата кој ја регистрирал снимката ја добил честа да го даде и името на мајката рис, која е именувана Сибел.
Во објавата се наведуваат и интересни факти за балканскиот рис, меѓу кои тоа дека е територијално животно што зазема голема територија – понекогаш и над 40 km², како и дека неговата исхрана се состои од срна, дива коза, зајак, еребица, ситни цицачи и други видови од шумскиот екосистем. Од паркот додаваат дека популациите на пленот на Шар Планина полека, но стабилно растат, а ловот е целосно забранет, што придонесува за заштита на видот.
Од Националниот парк истакнуваат дека снимката ја потврдува важноста од континуираниот мониторинг и вложувањето во заштита на биодиверзитетот, потсетувајќи дека балканскиот рис е критично загрозен вид.
Паркот соопшти и дека по повод овој момент, тимот денес слави со мекици.
Македонија
Средба Фетаи–Лоутон: Продлабочување на партнерството меѓу Северна Македонија и САД
Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари работна средба со Даниел Џ. Лоутон, заменик-помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања (EUR) при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави.
На средбата се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и за продлабочување на соработката во областите на владеењето на правото, институционалните реформи, борбата против корупцијата и зајакнувањето на практиките на добро владеење. Заменик-претседателот на Владата Фетаи ја потенцираше посветеноста на Владата за унапредување на демократските стандарди, зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и спроведување реформи кои обезбедуваат правично и ефикасно функционирање на јавните институции.
Заменик-помошник државниот секретар Лоутон ја реафирмираше силната поддршка на САД за реформските процеси во земјата, потенцирајќи ја важноста од продолжување на стабилните политики што го поттикнуваат евроатлантското интегрирање, институционалната стабилност и демократскиот развој. Заменик-претседателот на Владата Фетаи и заменик-помошник државниот секретар Лоутон се согласија да продолжат со редовна комуникација и координација за прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на зајакнување на доброто владеење и институционалниот интегритет.
Во рамки на посетата, заменик-претседателот на Владата Фетаи оствари работна средба и со Марк Тервакоски, Директор на Канцеларијата за Европа и Азија при Бирото за Меѓународни Наркотични Прашања и Спроведување на Законот.
Македонија
Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој за првпат е во четири дневна официјална посета на државата.
На средбата беше присутен и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ).
„Во срдечната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнаа на значењето на неговата посета, како и на важноста од меѓусебното почитување и разбирање. Притоа беше изразена искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка. Во разговорот беше нагласено и значењето на зајакнувањето на врските и вредностите што ги споделуваат двете земји и народи, како и заедничката подготвеност за унапредување на институционалните односи и продлабочување на меѓусебната соработка“, соопшти Собранието.

