Македонија
Тест-урнек за лекарите -кандидати на веб страницата на МЗ
Министерството за здравство денеска на својата веб-страница објави примерок на тест по чиј урнек ќе бидат изготвувани тестовите што ќе ги полагаат докторите при стручниот дел од испитот за вработување во јавните здравствени установи.
Министерството за здравство денеска на својата веб-страница објави примерок на тест по чиј урнек ќе бидат изготвувани тестовите што ќе ги полагаат докторите при стручниот дел од испитот за вработување во јавните здравствени установи.
Ова се однесува на кандидатите кои аплицираат на новите работни места, а за кои изминатиот период беа распишани огласи.
„За потсетување, Владата на РМ преку МЗ се одлучи на два пати да обезбеди 200 согласности за вработување, односно да отвори 400 нови работни места во ЈЗУ. При вработувањето на 400 лица ќе има нови критериуми кои досега не биле случај и првпат ќе почнат да се применуваат- членот 160 од Законот за здравствена заштита, кој детално предвидува кој ќе биде начинот на вработување на здравствени работници“ соопштуваат од МЗ.
Прв критериум е просекот кој го имаат здравствените работници со високо образование и тој носи 40 бода, а вториот, кој носи 60 бода е поделен на два подкритериуми, полагање стручен дел кој носи 40 бода и познавање на еден од светските јазици-англиски, германски или француски, кој носи 20 бода.
Што се однесува до тестот, поголемиот дел од прашањата произлегуваат од полагањето на државниот испит и со него се опфатени повеќе области,со едно или повеќе прашања кои секој доктор треба да ги знае пред за започне со медицинската практика. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

