Свет
Брејвик од добар син станал налудничав осаменик
Норвежанецот Андерс Беринг Брејвик обвинет за убиство на 77 луѓе во јули 2011, во детството бил добро и грижливо момче, но кога пораснал станал опседнат со политика и почнал да се подготвува за „неизбежната граѓанска војна“, рекла во изјавата мајката на обвинетиот, Венке Беринг, пренесува Reuters.
Судот во норвешката престолнина Осло во четвртокот во случајот против Андерс Брејвик кој го призна убиството на 77 луѓе, го сослуша сведочењето на мајката на обвинетиот за масакрот. Самата Венке Беринг не била во можност лично да присуствува на судењето поради нејзината здравствена состојба. Писмената изјава, затоа, пред судот ја прочитал психијатарот Торгеир Хусби, кој претходно разговарал со Беринг.
„Тој (Брејвик – з.р.), беше добар ученик, имаше пријатели. Беше толку љубезен, секогаш мислеше на мене и ми помагаше во сѐ. Беше извонреден… Беше неворојатно љубезен и грижлив“, прочитал пред судот Хусби дел од изјавата во која г-ѓа Беринг ги опишувала детските години на нејзиниот син.
Во 2006 година, според неговата мајка, работите се влошиле и Брејвик почнал многу да се менува откако повторно се прелесил кај мајка си по некои неуспеси во бизнисот.
„Ни беше толку забавно заеднио, но тогаш тој почна да зборува само за политика…, за претстојната граѓанска војна. Зборуваше гласно и интензивно, дури и кога ќе се обидев да ги избегнам тие теми“, рекла мајката на Брејвик.
Во истиот период, според Венке Беринг, нејзиниот син почнал редовно да посетува теретана, се повлекол во компјутерските игри, а исто така и станал опседнат со хигиената и редот.
„Ме обвини дека контактирам со многу луѓе коишто би можеле да нѐ заразат. Почна да јаде во својата соба и потоа садовите да ги остава пред вратата. Се шеташе покривајќи го лицето со рацете, а едно време носеше и маска на лицето“, се наведува во изјавата на мајката на Брејвик.
Транскриптот од разговорите на Бенке Беринг и психијатарот не содржеле никави објаснувања за можните причини за драстичните промени во однесувањето на нејзиниот син.
„Мислев дека станува целосно луд и дека мора да има нешто што не е во ред во неговата глава“, прочитал психијатрот Хусби од изјавата на мајката, додека Брејвик видно нервозен слушал, пренесува агенцијата. Според неа, таа мислела дека Андерс полудува и оти му е потребно лечење.
Претходно во текот на процесот пред судот беше изнесено мислењето дека Брејвик имал проблеми со однесувањето како дете и дека психијатар препорачал да биде тргнат од семејството кога имал само четири години. Меѓутоа останал на набљудување во домот, а неговата мајка на психијатарот Хусби му рекла дека нејзиниот син бргу ги надминал проблемите.
Судењето на Андерс Брејвик започна пред судот во Осло на 16-ти април годинава, по обвинението дека на 22-ри јули 2011 година предизвикал експлозија пред комплексот владини згради во центарот на норвешкиот главен град, при што загинаа осум лица, а потоа на блискиот остров Утеија извршил масакр врз 69 претежно млади луѓе, учесници на летниот младински камп на владејачката лабуристичка партија.
Главното прашање на кое судот мора да одговори е дали Брејвик бил пресметлив во времето на извршувањето на неговите злосторства. Првото вештачење на експертите кое заврши кон крајот на ланскиот ноември, покажа дека Брејвик страда од параноична шизофренија и затоа не може да биде повикан на кривична одговорност, и дека треба да биде одредена мерка да биде испратен на задолжително лекување. Окружниот суд на Осло нареди повторна независна експертиза. Наодот на двајцата експерти, Агнар Аспос и Терје Терисен објавено на 10-ти април годинава од јавноста беше примено како сензационалистичко – имено според психијатрите Брејвик бил здрав и сосема свесен за своите постапки. Како резултат на тоа, првпат во историјата на Норвешка историја, се отоври можноста да се води процес квалификуван како „тероризам“. Доколку судот прифати дека обвинетиот е ментално болен, може да изрече мерка за доживотно згрижување во психијатриска клиника.
Самиот Брејвик претходно пред судот изјави дека тој се смета себеси ментално здрав и оти треба да биде казнет во согласност со Кривичниот законик на Норвешка.
Претходно беше објавено дека пресудата во случајот на „норвешкиот стрелец“ може да биде објавена на 20-ти јули, но официјална потврда на оваа информација досега нема. Некои медиумие, кои се повикуваат на неименувани извори од судот, пишуваа дека пресудата може да биде изречена на 24-ти август./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.
Свет
Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните
Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик.
„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се наведува во заедничката изјава на Обединетото Кралство, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска.
Овие осум земји, кои одлучија да испратат свои војници на Гренланд, порачаа дека се подготвени за „дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, зад кои цврсто стојат.
Тие повторија дека се „во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд“ и порачаа дека како членки на НАТО се посветени на јакнење на безбедноста на Арктикот – „заеднички трансатлантски интерес“. Во тој контекст, воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на таа потреба и „не претставува закана за никого“.
Од Париз, пак, доаѓа повик за активирање на „економската базука“ на ЕУ. Блиски соработници на францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека Франција бара од Европската унија да го активира Инструментот за борба против присила – механизам што би ѝ овозможил на ЕУ да одговори на економски закани, вклучително и ограничување на пристапот на САД до јавни набавки или трговија во сектори каде што американската страна има суфицит, ако Трамп не се откаже од најавените царини.

