Спорт
Епско финале во Мелбурн, Ѓоковиќ ја одбрани титулата
Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на првиот тениски Грен слем во сезоната, Отвореното првенство на Австралија.
Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на првиот тениски Грен слем во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Српскиот тенисер, во финалниот меч, кој ќе влезе во тениската историја, по 5 часа и 53 минути игра, го победи Рафаел Надал со 3:2 (5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5).Завршниот меч кои го одиграа Ѓоковиќ и Надал е најдолгото финале во историјата на Мелбурн, а Ѓоковиќ со победата влезе меѓу великаните на овој спорт, Андре Агаси, Матс Виландер и Роџер Федерер, како тенисер кои има три и повеќе титули на Австралија Опен.Во епското финале, Ѓоковиќ ја искористи првата меч топка, откако, во решавачкиот сет, во 11-от гем успеа да му го одземе сервисот на противникот. Србинот, мечот можеше да го реши и во четвртиот сет, но тогаш Надал покажа неверојатна ментална сила, успевајќи да се врати во сетот, а потоа и да го добие во тај-брејк, во кој противникот водеше со 5:3. Ѓоковиќ имаше помалу неизнудени грешки и повеќе винери – Ѓоковиќ 69/57 – Надал 71/44, првиот рекет имаше и подобра реализација на првиот сервис на кој освои 68% од поените, наспроти 66% реализација на Надал. Бројките покажуваат дека решавачки за победата беа освоените поени на втор сервис – Ѓоковиќ свои 63%, а Надал 48% од поените. Финалето во Мелбурн беше 30-от дуел помеѓу моментно првиот и вториот светски рекет. Со оваа победа Ѓоковиќ ја намали предноста на Надал на 14:16. Ѓоковиќ во Мелбурн го доби третото последното Грен слем финале, во кое игра против Надал – Србинот лани победи на Вимблдон и УС Опен, а победата е вкупно седма, сметајќи ги и минатогодишните шест финалиња кога Ѓоковиќ за противник го има Надал. Новак Ѓоковиќ во Мелбурн ја освои својата петта Грем слем титула, вкупно петта во кариерата. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

